Откриен идентитетот на Џек Мевосек?

south_africa_jack_the_rippeЕминентен јужноафрикански историчар верува дека го открил идентитетот
на еден од најозлогласените убијци на сите времиња – Џек Мевосек.


south_africa_jack_the_ripper_joh101Еминентен јужноафрикански историчар верува дека го открил идентитетот на еден од најозлогласените убијци на сите времиња – Џек Мевосек.

Публицитетот околу книгата на Чарлс Ван Онселен "The Fox and The Flies: The World of Joseph Silver, Racketeer and Psychopath" публикувана во Април, укажува на извесен Џон Силвер како Џек Мевосек, серискиот убиец кој има убиено најмалку 5 проститутки во Источен Лондон во далечната 1888 година.

Ван Онселен верува дека Силвер се совпаѓа со психолошкиот профил на убиецот, а во периодот кога биле извршени убиствата Џон Силвер живеел во Источен Лондон со својата ќерка. Тој бил макро и држел бордел, па би запознаен со проституките и нивните работни навики.

Ван Онселен, син на детектив, го следел Силвер низ цела Европа, Африка и Америка. На крајот, Силвер бил погубен како шпион во Полска во 1918.

„Во однос на личноста, годините, карактерот, менталните болести и шемата до крајот на неговиот живот, Џон Силвер перфектно се вклопува како Џек Мевосек“.

[Historian claims to ID Jack the Ripper]

- Реклама -