Општина Карпош, со забрзано темпо работи на реконструкција на неколку улици на нејзина територија. Така, денеска нов асфалт ќе добие улицата „Ристо Равановски“ која се наоѓа во урбаната заедница „Владо Тасевски“. Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски при својата обиколка на улиците, за медиумите презентираше подетални информации околу градежните активности кои се во тек.
– Оваа улица чиј коловоз се асфалтира е во должина од 250 метри, а во исто време се реконструираа и рабниците и тротоарите на истата. Токму на оваа улица, се поставуваат интернет врските и други оптички кабли кои се инсталираат под земја, се со цел за во иднина да нема прекопи од страна на ЕВН или други оператори. Покрај оваа улица, наскоро ќе се асфалтира и улицата „Рампо Левката“ кадешто направивме и фекална канализација – рече Јакимовски кој најави и решавање на проблемот со паркирањето на ова место, бидејќи поголем дел од несовесните граѓани се оние кои живеат или работат во Општина Центар.
Овој проект, локалната самоуправа ја чини околу 1 милион и 300 илјади денари.