Ресторанот „Ел Були“ најексклузивен во светот

story.elbulli.ppФранција се' уште води во гастрономијата и има најмногу врвни ресторани
во светот, но на првото место на ранг-листата на списанието
„Рестаурант“, сепак е еден ресторан во Барселона.

story.elbulli.giФранција се' уште води во гастрономијата и има најмногу врвни ресторани во светот, но на првото место на ранг-листата на списанието „Рестаурант“, сепак е еден ресторан во Барселона.

Станува збор за ресторанот „Ел Були“ на Каталонецот Феран Адрие, кој е прогласен за најдобар во светот. На второто место е „Д’Фет Дак“во Беркшир, во западен Лондон, а третото место му припадна на Французинот Пиер Гањаире.

Свеченоста по повод прогласувањето на најдобриот ресторан во светот се одржа завчера во Лондон, каде што се собра елитата на светската гастрономија.

Пописот со 50 најдобри ресторани во светот со консензус го утврди комисија од 651 член, кои избираат меѓу рестораните во 70 земји. Франција и понатаму е на врвот на ранг-листата со 12 ресторани, пред САД (8), Обединетото Кралство (7), Шпанија и Италија (6).

„Мислењето за најдобри ресторани во светот се смени од минатата година. Тоа е необично бидејќи кога еднаш ќе се всели, гастрономскиот куќен дух ретко се иселува“, се истакнува во образложението на списанието и се посочува дека изненадувањето доаѓа од Азија, која има дури еден ресторан на пописот, но затоа за една година двојно се зголемил бројот на рестораните што се кандидирале.

виа.

 

[Restaurant Top 50

- Реклама -