„- О, па тоа е мошне уникатен еврејски метод. Ќе ви објаснам со пример. Да речеме дека сакате да ја омажите ќерката на Рокфелер за еден обичен млад селанец од Македонија.
– Што? Како е тоа возможно?
– Многу лесно. Одам во едно македонско село, избирам еден пријатен младич и му велам.
– Сакаш да се ожениш за американска Еврејка?
Тој ќе одговори:
– Кај нас тука има преубави девојки.
Јас продолжувам:
– Да, но таа е ќерка на милијардер!
Македончето се чешка по главата и вели:
– Па, тоа ги менува работите…
Тогаш одам во Швајцарија на средба во банката и прашувам:
– Сакате претседател на банката да ви биде македонско селанче?
– Фуј – одговараат од банката.
– А ако тој е идниот зет на Рокфелер?
– Па, тоа веќе ги менува работите. Се разбира.
Потоа одам кај Рокфелер и му велам:
– Сакате за зет македонски селанец?
А тој бесно:
– Што зборуваш, во нашето семејство сите се финансиери!
Му велам:
– Да, но тој е претседател на Управниот одбор на швајцарската банка!
Рокфелер се замислува и ја клати главата:
– О, па тоа ги менува работите! Сузи, дојди тука. Господин Кисинџер ти нашол вереник. Претседател на Швајцарската банка!
Сузи незадоволно мрмори:
– Уф, сé финансиери, здодевни и непријатни.
Јас ѝ велам:
– Да, но тој е едно цврсто и силно македонско момче!
А таа со восхит:
– Ох! Па тоа ги менува работите…“