Најзагадените реки во светот

Во реките во светот се излеваат тони и тони индустриски отпад, токсични материи, одводни води, ѓубре. Ако ужасот не запре во брзо време, ситуацијата целосно ќе излезе од контрола. На некои места веќе одамна е така: реките се загадени и ништо не може да ги спаси.

Поентата не ни е да судиме, туку да видиме до кај е работава со упропастувањето на животната средина.

Буриганга, Бангладеш

bangla1 bangla2

Буриганга е главната река која тече низ главниот град на Бангладеш. Во неа директно се влеваат големи количини одводни води, од кои 80% не се воопшто третирани.

Реката денес е биолошки мртва. Загаденоста целосно ја испразни од кислород. Во Буриганга нема риби и никакви други животински видови, освен некои анаеробни организми. Посоодветно е да ја нарекуваме септичка јама отколку река.

Марилао, Филипини

marilao1 marilao3-2

Марилао се најде на листата по инспекцијата на Гринпис во 2007 година. Загадувањето главно доаѓа од фабриките крај реката. Иако на некои места не изгледа многу загадена, водата на Марилао е многу опасна.

Сонгхуа, Кина

song1 songhua3

Во 2005 година реката беше загадена со бензен, по што Русија се закани дека ќе ја тужи Кина. Кина пак, планира да ги затвори сите фабрики-загадувачи покрај нејзиното корито и да изгради пречистителни станици.

Пасинг, Филипини

pasig1 pasig3

Реката е безживотна од пред 20 години. Во неа директно се влеваат отпадните води од фабриките и одводните води од домовите. Водата е многу загадена, но многу од Филипинците, меѓу кои и децата, и натаму се капат во неа.

Ганг, Индија 

gang gang2 gang3

По нејзиниот тек живеат над 400 милиони луѓе. На ден околу 2 милиони ритуално се капат во нејзините води. Хиндусите ја сметаат за света, но фактите говорат нешто друго – дека е опасна за луѓето. Ганг е полна со хемикалии и одводни води, но и остатоци од човечки и животински трупови, што се разбира, носи големи ризици.

Цитарум, Индонезија 

citarum1 citarum2

Оваа ич не личи на река, туку на гигантска депонија. Сето тоа е последица на брзиот и неодговорен индустриски раст. До толку е загадена, што многу од локалните одат до реката за да собираат пластика за рециклирање.

И покрај ужасната загаденост, сиромашните семејства се принудени да ја користат за капење и перење.

Во 2008 година Asian Development Bank одобри заем од 500 милиони долари за чистење на реката, кој би требало да биде распределен преку следните 15 години. Ќе видиме што ќе биде од сето тоа.

Жолта Река (Хоангхо), Кина

yellow1 yellow2

Тоа е втората најдолга река во Кина (5464 км). Нејзината вода е основен извор на вода за пиење за милиони луѓе во северна Кина, и покрај тоа што официјално беше соопштено дека водата и е загадена со хемикалии и е опасна за пиење. Во последните години, загадувањето од фабриките е во пораст.

Риачуело, Аргентина

argentina(1)

Риачуело е долга 64 километри и поминува низ 4 квартови на Буенос Аирес. Загадена е благодарение на 3.500-те фабрики долж нејзините брегови. Во овие 3.500 не се пресметани нелегалните цевки кои директно истураат отпад во реката. Притоа, 55% од жителите долж нејзиното корито немаат канализација. Наскоро се очекува да изумре и она малку што преостана од живиот свет, а Риачуело да стане комплетно биолошки мртва.

Јамуна, Индија

yamuna

Јамуна е притока на Ганг. Долга е околу 1.370 километри. Од нејзината вода зависат околу 57 милиони луѓе, но загаденоста веќе има достигнато највисоко ниво. Главниот извор на загадувањето се пестицидите и одводните води, но и тоа што локалните ја сметаат за света, па понекогаш ѝ принесуваат и религиозни дарови. Некогаш тие се во форма на пепел од посмртните останки од кремираните починати блиски. Друг пат се парички, кои сиромашните потоа ги собираат. Најчесто се и двете заедно, спакувани во недеградирачки политенски ќеси.

Јангце, Кина и други делови на Азија

yangtze

Јангце е најголемата река во Кина и третата најдолга во светот. Поради индустриското загадување, како и излевањето на селско-стопанскиот отпад и отпадот од транспортните бродови, на пат е да стане мртва река.

Кинг Ривер, Австралија

king

Дека реките не се загадени само во затуцаните земји, сведочи Кинг Ривер, најзагадената река во Австралија.

Мисисипи, САД 

misispi

Уште еден сличен пример. Во Мисисипи секоја година се влеваат илјадници тони токсични материјали, меѓу кои бензен, жива, арсен и куп други.

 

- Реклама -