Повеќе заштитници на природата во знак на протест се фотографирале голи
на локацијата насадена со дабови дрвја во близината на стадионот
„Меморијал“, кој се наоѓа на источниот раб на кампусот „Беркли“, како
составен дел од универзитетот во Калифорнија.
Повеќе заштитници на природата во знак на протест се фотографирале голи на локацијата насадена со дабови дрвја во близината на стадионот „Меморијал“, кој се наоѓа на источниот раб на кампусот „Беркли“, како составен дел од универзитетот во Калифорнија.
Протестот бил организиран бидејќи минатата година било објавено дека се планира на тоа место да се изгради нова спортска сала, поради што ќе биде потребно да се исечат неколку даба.
Од декември 2006 година локалните активисти живеат на дрвјата, сменувајќи се на неколку дена или недели. Со тоа, тие предизвикале голем интерес кај медиумите. Но, фотографот Џек Гешеид решил да ги искористи овие настани за својата наредна серија фотографии и објавил дека неговата следна фотосесија ќе вклучува голи луѓе на дрвја во паркот покрај „Меморијал“.
Интересно е тоа што дабовите во околината на кампусот „Беркли“ биле посадени во 1923 година, како украсен пејзаж во околината на големиот фудбалски стадион.