Полицијата во Мексико Сити ги повикала граѓаните што поседуваат
илегално огнено оружје да им го предадат на надлежните органи, а за
возврат ќе добијат подарок компјутер и конзоли за видеоигри.
Полицијата во Мексико Сити ги повикала граѓаните што поседуваат илегално огнено оружје да им го предадат на надлежните органи, а за возврат ќе добијат подарок компјутер и конзоли за видеоигри.
Акцијата почнала во квартот Тепито, познат по криминалните банди.
Сопствениците на пушки ќе добијат компјутери, а тие што ќе предадат пиштол или друго оружје со помал калибар ќе добијат конзола „X-Box“ за видеоигри.
Уништувањето на собраното оружје ќе и' биде доверено на војската, а градските власти се обврзале дека ќе ја почитуваат анонимноста на сите што го предале оружјето.
Ако акцијата има успех, таа ќе се прошири и на другите квартови во мексиканскиот главен град.
Можеби би требало да ја усвоиме програмава доколку успее. Со целиот скриен арсенал кој чека за размена, дефинитивно би станале компјутерски настроена, гејмерска држава. Кул!