Зошто грабливците имаат вертикални зеници

ghXFiO[1]

Сте забележале дека мачките, некои змии и многу други ловци од животинското царство имаат „зли“, вертикално поставени зеници. Научниците биле љубопитни исто како и вие сега.

Карактеристичниот „вертикален рез“ на мачкиното око, на пример, е чест кај ноќните грабливци. Содржи слој на ткиво сочинето од рефлективни клетки, познат во науката како tapetum lucidum, кој се наоѓа зад мрежницата. Овие клетки ја рефлектираат влезната светлина низ „процепот“ и на тој начин мрежницата станува двојно посензитивна. Благодарение на ова, мачките и другите ловци со вакви зеници, подобро и полесно ја проценуваат одалеченоста на пленот додека ловат, пишува Science Advances.

Дека предаторите имаат вертикални зеници, а пленот хоризонтални, научниците забележале уште во педесеттите години на минатиот век, макар што до скоро никој подетално го немал истражено овој феномен – објаснува Мартин Бенкс, истражувач од Универзитетот во Калифорнија. Со цел да ја потврдат тезата, Бенкс и неговиот тим анализирале податоци од 214 видови животни, по што го анализирале и обликот на нивните зеници.

catDSC_9618[1]

Се покажува дека грабливците што ловат од заседа, како повеќето мачки и змии, главно ги користат вертикалните „процепи“ на зениците кога ловат. Причината за тоа е механиката на окото. „Овие видови на грабливци мора добро да го измерат растојанието меѓу нив и пленот“, објаснува Бенкс. За тоа постојат два начина. Во првиот, мозокот ја споредува оддалеченоста меѓу две слики и праќа повратна информација до очите, заради подобро расудување. Другиот метод е заматување на сликата, т.е. на објектите пред и зад пленот на кој е насочен главниот фокус.

„Како што се покажа, мерењето на оддалеченоста, односно длабочината на просторот, полесно се постигнува со овие методи и зениците со вертикални процепи, отколку со очи со хоризонтални зеници“, вели Бенкс.

- Реклама -