9to5Mac и Daring Fireball ги поврзуваат информациите во гласините од Apple и создаваат слика за изгледот на новиот 7,85 инчен iPad mini.
Таблетот најверојатно ќе изгледа како поголем iPhone наместо помал iPad. Тоа значи дека наместо униформирана ширина на рамката околу екранот iPad mini ќе има рамка која ќе биде потенка на левата и десната страна.
9to5Mac ја состави оваа фотографија која ја покажува потенката рамка на iPad mini. Џон Грубер, кој има доста врски во Apple го вели истотот: односот на дисплејот на новиот iPad mini ќе остане ист како кај iPad (4:3), но целата направа нема да има исти пропорции – и дека промената ќе се фокусира на страните на направата.
Но како ќе се држи направата? iPad има потреба од широка рамка бидејќи треба да се држи со две раце, со палците поставени на предната страна (без да активираат нешто на тачскринот). Разликата е што iPhone може удобно да биде држен во една рака без палецот да го допира дисплејот – и затоа е потесната рамка.
iPad Mini, според извештаите, ќе има големина некаде помеѓу двете направи но поблиску кон iPhone. Грубер вели дкеа iPad Mini – поради недостатокот на Retina Display и отсутвото на подебела батерија – може да биде потенок и полесен со што ќе биде поедноставен за држење во една рака.
Nexus 7 теоретски би бил посоодветна споредба за големината на iPad Mini а гаџетот на Google е доста лесен за држење со една рака. Дали тоа значи дека треба да се очекува 7,85 инчен гаџет со 4:3 дисплеј со облик сличен на Nexus 7? Тоа е предвидувањето на 9to5Mac и Грубер кои велат дека има доволно информации за да се направи безбедна претпоставка. [iPad mini will look like a large iPod touch with smaller side bezels [Gallery]]