Сиромашните Пепелашки на Колумбија

Во многу делови на Јужна Америка, петнаесеттиот роденден на младите девојки е од голема важност, и за нив, и за нивните блиски. Чинот е наречен Quinceañera и ја одбележува транзицијата на девојката од дете во млада жена. Традицијата е до толку популарна што не познава граници – дури ни социјални класи.

Заинтригирана од оваа прослава, француската фотографка Делфин Бласт поминала два месеца во предградијата на јужна Богота, Колумбија, во својство на мини-истражување на локалната култура, но и влијанијата од Западот врз истата. Резултатот – нејзината фотосерија Quinceañeras, во која прикажува впечатливи портрети од млади девојки облечени во нивните свечени фустани кои блештат во тотална спротивност со нивното секојдневие.

А нивното секојдневие е благо речено – скромно, иако на 15-тиот роденден се претвора во бал на кој девојките се во центарот на општото внимание, облечени како принцези и опкружени од мноштво пријатели и роднини. Оваа голема прослава е колумбиската верзија на американското sweet sixteen, ама не на она поскромното одбележување на зрелоста, туку повеќе налик на американското реално ТВ шоу (My Super Sweet 16), кое изобилува со богати родители и распрдени тинејџерки.

И во колумбиската верзија е очигледна фантазијата да се биде Пепелашка, а прославата е од размер на мала свадба, на која многу од семејствата не се двоумат да потрошат и по милиони пезоси. Проблемот е што најголем дел од семејствата немаат „толку долга черга“, па родителите штедат со години, земаат кредити и прават големи жртви, само и само за да го одбележат моментот „како што доликува“. Звучи познато, зарем не?

Delphine_Blast15-e1469959466102

^ Карен живее со мајка ѝ. Таа е секретарка, а за потребите на прославата штедела пари повеќе од една година. Згора на тоа, земала и заем. Забавата на ќерка ѝ ја чинела 4 милиони пезоси (над 1600 евра). Поканети биле 85 луѓе. Карен сака да стане докторка.

24

^ Татко ѝ на Лаура продава овошје, а мајка ѝ е невработена. Лаура сака фудбал и се надева дека еден ден ќе му се приклучи на младиот национален фудбалски тим. За нејзината quinceañera, нејзините родители штеделе пари најмалку 6 месеци. 200 луѓе биле поканети. Лаура сака да биде криминолог.

32

^ Татко ѝ на Луна е чевлар. Мајка ѝ „рециклира стари предмети“ (читај: собира ѓубре). Се сметаат за обични луѓе и не планирале да приредуваат роденденска забава за нивната ќерка, но планот се сменил кога во последен момент собрале доволно пари. На забавата биле поканети 80 луѓе. Луна сака да стане актерка во ТВ сапуници.

42

^ Двајцата родители на Бренда се собирачи на ѓубре. Штеделе пари повеќе од 3 и пол години, а на прославата потрошиле повеќе од 6.5 милиони пезоси (околу 2700 евра). Поканети биле 150 луѓе. Бренда сака да биде хирург.

62

^ Родителите на Маира се посветиле на тоа да приредат незаборавна забава за нивната „принцеза“. По тримесечни подготовки, прославата се одржала во селската општина, со повеќе од 100 гости. За тема на забавата Маира одбрала „sweet candy“, бидејќи – како што објаснува – слатките се слатки и деликатни, баш како што е таа самата.

72

^ Наталија го поминува најголемиот дел од времето сама. Пораснала со мајка ѝ, која работи секој ден во продавница за чевли во јужниот дел на Богота. Нејзината quinceañera била од поедноставните, со најблиското семејство и пријателите. Наталија сака да студира медицина.

Quinceaneras, Colombia_OK © Delphine Bedel

^ Мајката на оваа Наталија, пак, немала можност да го прославува својот 15-ти роденден. Затоа, ѝ било многу важно да организира незаборавна забава за ќерка си. „Се случува само еднаш во животот…“, објаснува таа. Имале 100 гости.

- Реклама -