Еквадор ќе му даде азил на Асанж

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, вели дека се надева дека ќе може да најави дека му обезбедува политички азил на основачот на WikiLeaks, Џулиан Асанж, до крајот на оваа недела.

Кореа на државната телевизија изјавил дека владата морала да проучи доста материјали за меѓународен законo за да биде донесена одговорна информирана одлука. Тој рекол дека ги очекува последните извештаи до оваа среда.

Асанж се скрил во Еквадорската амбасата во Лондон на 19 јуни за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што го бараат за наводно несоодветно сексуално однесување. Еквадор е загрижен дека Асанж е под ризик од екстрадиција во САД каде што би можел да се соочи со смртна казна. Подржувачите на Асанж веруваат дека во САД има тајно обвинение против него.

„Контактот помеѓу владата на Еквадор и WikiLeaks започна во мај 2011 година кога станавме првата земја која ги виде првите декласифицирани документи од Американската амбасада“ изјавил Кореа. „Јасно е дека кога Џулијан влезе во нашата амбасада веќе имаше некаков договор. Во неговата работа гледаме паралела со нашата борба за национален суверенитет и демократизација на меѓународните односи.“ [Ecuador to grant Julian Assange asylum, report says]

- Реклама -