Пензионерите зависни од интернет

internet_oldiesppСпоред една анкета, пензионерите повеќе сакаат да сурфаат на Интернет отколку да се занимаваат со вообичаените пензионерски хобија како градинарство, патување и други занимации низ домот.


internet_oldiesПензионерите повеќе сакаат да сурфаат на Интернет отколку да се занимаваат со вообичаените пензионерски хобија како градинарство, патување и други занимации низ домот.

Во анкетата што ја спровела осигурителната фирма "Еј-Екс-Еј"  во Британија, пензионерите рекле дека во просек минуваат шест часа неделно на Интернет, при што купуваат производи, пребаруваат информации и се допишуваат со пријателките и роднините.

Четириесет и еден отсто рекле дека сурфањето на Интернет им е омилена занимација, по што следат градинарството и поправки низ домот (со по 39 отсто), па патувањата и прошетките (28 отсто).

На Интернет најмногу се задржуваат на пишување мејлови (84 отсто) и барање информации (83 отсто). Речиси половината Интернетот го користат за да резервираат билети за патувања, една третина пробале да си ги средат сметките, а 28 отсто се информираат со најновите вести. Две третини редовно контактираат со своите деца преку Интернет, додека 40 отсто контактираат со своите внуци.

"Охрабрува тоа што британските пензионери ја прифаќаат технологијата", вели портпаролот на "Еј-Екс-Еј". "Овој извештај покажува дека пензионерите го користат Интернетот за помалку стресен пристап во подоцнежните години".

Има ли пензионери на 365? Баш би сакале да го чуеме вашето мислење и интереси 🙂

виа.

- Реклама -