За Пабло Ескобар ќе прочитате многу факти што го потврдуваат неговиот митолошки статус. Во екот на својата моќ, Ескобар правеше 40 милиони долари неделно. Купи приватен „Лирџет“ само за да ги пренесува парите. Еднаш запали буре со 2 милиона долари, само за да не ѝ студи на ќерка му.
Сепак, неговиот популарен лик и неговата приватна личност коегзистираат во изразит констраст. Ескобар со право се смета за „касап“, кој ќе направи сé само за да добие и да ја задржи моќта; се смета дека неговата криминална организација е виновна за најмалку 4.000 убиства за време на неговото владеење.
Но во приватниот живот, Ескобар беше човек што секогаш го ставаше своето семејство на прво место, до тој степен што неговата посветеност на семејството ќе им овозможи на колумбиските власти да му влезат во трагата и да го убијат.
Во продолжение следуваат фотографии од човекот што беше најбезмилосниот нарко бос во историјата, но истовремено и страшно посветен татко.
Пабло ја сретна Марија Викторија кога имаше 24 години, а таа имаше 13. Иако нејзиното семејство не се согласуваше со нивната врска, двајцата останаа заедно сé до неговата смрт.
Викторија стана Ескобар по две години врска со Пабло. Во март 1976, на денот на свадбата, таа имаше 15 години.
Набрзо, во 1977, им се роди и првиот син – Хуан Пабло.
Пабло беше уапсен истата таа година, но само накратко. Следната деценија успешно ќе ги избегнува спроведувачите на законот.
Во 1980-тите, Пабло често гледаше телевизија со синот, во новоизградената куќа Hacienda Nápoles, на 100 милји оддалеченост од Меделин, Колумбија. Освен шпанската колонијална палата, на имотот од 2072 хектари имаше и парк со скулптури, приватен аеродром и приватна зоолошка.
Во зоолошката на Hacienda Nápole‘ имаше антилопи, слонови, жирафи и нилски коњи. Заради големината на имотот, Ескобар(ци) обично ја шетаа зоолошката со голф колички.
Една од побизарните оставштини на Ескобар се четирите нилски коњи, кои Ескобар ги прошверцува (или ги купил, зависно од изворите) за својата приватна зоолошка во 1980-тите. По неговата смрт, зоолошката пропадна, а на нилските коњи сите заборавија. Во меѓувреме, тие не само што преживејаа, туку и се размножија и почнаа да се шират низ Колумбија. Повеќе за тоа пишувавме во Новата банда на Пабло Ескобар.
Во 1984 им се роди второто дете, ќерка, Мануела.
Мануела стана принцезата на Пабло. Кога за роденден му побара еднорог, Пабло ѝ донесе коњ со закачен конус на глават и крила на грбот.
Густаво Гавириа – роднина на Ескобар, му беше десната рака во која имаше најголема доверба и главен на финансиите во наркокартелот Меделин. За време на едно патување во Лас Вегас во 1980-тите, двајцата позираа како гангстери од Дивиот Запад.
„Кралот на кокаинот“ се бавеше и со обични нешта, како стопениот сладолед на синот.
Во 1982, Ескобар успешно се кандидираше за колумбискиот Конгрес, што беше дел од поголемиот план да спречи екстрадиција во САД. Но победата на изборите се покажа како Пирова: публицитетот ги изнесе на виделина неговите криминални активности и неговата историја на убиства на полицајци, судии и политичари.
Ескобар беше страсен фудбалски навивач и инвестираше милиони долари во тимот Atlético Nacional од Меделин. Помогнат од кешот, тимот купи интернационални играчи и освои неколку интернационални купови во доцните 1980-ти.
Лидерите на картелот Меделин беа чести посетители, па и небаре посвоени членови на семејството на Ескобар. Во екот на нивната моќ, тие контролираа 80% од глобалната залиха на кокаин, што им носеше по најмалку 60 милиони долари на ден.
Во раните 1980-ти, Ескобар често ги посетуваше САД со своето семејство. Ова е со синот, пред Белата куќа.
Кога почнаа проблемите со законот, Пабло веќе не можеше да поминува многу време со семејството. Во последните години од животот мораше да се крие од тајна куќа во тајна куќа, и беше ограничен на 3-минутни телефонски разговори со семејството, во страв да не биде лоциран од колумбиските власти.
Користејќи радио триангулациона технологија, колумбиските специјални сили успеајаа да го лоцираат Пабло откако му се јави на синот на 2 декември 1993. Специјалните единици се мобилизираа за само неколку минути и нападнаа на локацијата, што резултираше со смртта на Ескобар.
Мајка му Хермилда, на погребот. Присуствуваа повеќе од 25.000 луѓе.
Хуан Пабло Ескобар се посвети на тоа да надомести за активностите на неговиот татко, а потоа го промени своето име во Себастијан Марокин. Напиша книга со наслов „Пабло Ескобар: Мојот татко“ и вети дека дел од профитот ќе донира за жртвите на неговиот татко.
Хуан Пабло објави и документарец со наслов „Гревовите на мојот татко“, во кој се документирани неговите напори да се смири со синовите на колумбиските политичари што беа убиени од Пабло Ескобар.
Луз Марија, сестрата на Пабло Ескобар, на неговиот гроб на 20-годишнината од неговата смрт.
За повеќето супернегативец, но за некои е и херој. Колумбија и ден денес е во извесна мера во сенка на Пабло Ескобар. На горнава фотографија, жена минува пред графит во негова чест, во неговиот роден град Меделин.
Херој е особено меѓу работничката класа на Колумбија. На сликата, жител на Меделин пали свеќа пред неговата „икона“, на 20-годишнината од неговата смрт.