Создавањето на уметност го намалува стресот, дури и кога не те бива

k4n20rlheute8jjm5ygi[1]

Создавањето на уметност отсекогаш се сметало за терапевтско, а сепак, многу луѓе ја избегнуваат таквата активност бидејќи немаат уметнички вештини. Како и да е, една нова студија покажува дека кога се работи за извлекување на бенефити од креирањето на уметност, степенот на уметничката вештина е комплетно ирелевантен. Со други зборови, уметноста може да ти помогне да го намалиш стресот, макар никогаш и да не си пипнал четка за сликање.

Студијата, водена од Гирија Кајмал и објавена во Art Therapy: Journal of the American Art Therapy Association, сугерира дека процесот на создавање на уметност, добра или лоша, е доволен за значително да ги намали нивоата на хормоните во телото што се поврзани со стресот.

На учесниците во студијата им биле дадени маркери, хартија, глина за моделирање и колажни материјали, по што од нив било побарано да креираат било какво уметничко дело, по избор. Се покажало дека нивото на кортизол значително се намалило кај 75% од испитаниците. Уште подобро, не се покажала никаква корелација помеѓу претходното искуство и степенот на вештина – со намалените нивоа на кортизол.

Имаш стресна недела? Седни и направи нешто. Не е важно дали е добро и не мора никој да го види.

- Реклама -