NASA најде морзеова азбука на површината на Марс

extra_large-1468238618-cover-image[1]

Набљудувајќи го Марс, NASA неодамна забележа некакви чудни цртички и точки на површината на Црвената Планета. Научниците велат дека откритието морничаво многу потсетува на морзеова азбука.

Сликата е направена на 6 февруари годинава, од страна на HiRISE (High Resolution Imaging Science Experiment), кој е дел од марсовскиот извиднички орбитер – MRO (Mars Reconnaissance Orbiter), кој го истражува Марс уште од 2005-та година.

Колку и да сакаме да мислиме дека ова е дело на Марсовци што сакаат да ни пратат порака (како што бродоломник би напишал „Помош“ на песокот на тропски остров со камења), овие структури се всушност дини кои се формирани од ветрови што дуваат во две насоки. „Точките“ – наречени барканоидни дини, настануваат кога има краток „блип“ во двонасочните ветрови кои ги формираат линеарните дини.

Сепак, научниците сé уште не се тотално сигурни како настануваат овие геолошки белези. Од тие причини, работата на HiRISE е од голем интерес за геофизичарите, овозможувајќи им увид во насоките на ветровите и процесите што формираат вакви геолошки формации.

Како и да е, Вероника Бреј – научник од универзитетот во Аризона (институтот зад камерата на HiRISE), зема да ја дешифрира пораката, онака, за забава. Според Бреј, пораката гласи:

„NEE NED ZB 6TNN DEIBEDH SIEFI EBEEE SSIEI ESEE SEEE“.

- Реклама -