Јадење на работното биро

Finke_06
Michael Brennan, Managing director in high-yield bond sales, Citigroup, New York. Pizza and chicken soup.

„Начинот на кој луѓето јадат на работа е навистина тажен“, вели етнографот Џун Џо Ли за New York Times Magazine.

Во филмот „Wall Street“ од 1987-ма, Гордон Геко славно изјавува „Паузата за ручек е за слабаци“. Денес се чини како ова да е главниот принцип во американската работна средина, каде што да се земе пауза за да се руча стана знак за мрзеливост. За разлика од физичките работи – градежништво, земјоделство, производство – луѓето мораат да седнат за да се одморат и да „наполнат батерии“, во економијата каде стандардната работна задача е седење пред компјутер, паузата за ручек е помалку неопходна и многу повеќе опционална.

Во САД, 62% од канцелариските работници велат дека обично ручаат на нивните работни бироа, феномен што социолозите почнаа да го нарекуваат „desktop dining“. Наместо за јадење, тоа време се користи за состаноци, за довршување на обврските или за одговарање на и-мејл пораки. Многумина ќе признаат дека цела недела не јаделе на маса (ако не го сметаме работното биро).

Од друга страна, речиси половина од Американците ручаат сами. Четвртина од тие што заработуваат таканаречена „миленијалска“ плата, рекле дека преферираат да јадат сами, бидејќи така имаат подобри услови за мултитаскинг.

Finke_02
Dominic Chu, CNBC markets reporter, CNBC, Englewood Cliffs, New Jersey. Leftover teriyaki stir-fry chicken and vegetables.

И додека ручањето на бирото можеби се чини како поефикасен начин да се замени паузата за ручек со мултифункционален ручек на работната маса, статистиките велат дека луѓето што ручаат на биро баш и не работат; времето меѓу залаците најчесто е посветено на сурфање на интернет. Во смисла на мотивацијата на работното место, ручањето на биро може да биде и деструктивно – јадењето во група ги прави луѓето поживи и поактивни, а со тоа и попродуктивни, а придонесува и за нивно зближување.

Во меѓувреме, New York Times Magazine ги здружи силите со њујоршкиот фотограф Брајан Финке, за да спроведе своевидена студија за тоа како се јаде во американските канцеларии. Работниците кои Финке ги ангажираше во проектот варираат од банкари до писатели, а фотографирани се работните центри под висок притисок, во Њујорк, Њу Џерси, Чикаго, Сан Франциско и Лос Анџелес. Условот бил еден: да има полн пристап до волонтерите и да ги фотографира без нивно знаење. Се согласувале вие со Џун Џо Ли или не, фотографиите на Финке се тестамент и за осаменоста, и за победата што компјутерите ја извојуваа над важноста на храната.

Finke_08
Monica Vaccari, Community manager of social media, Audible, Newark. Chicken-and-andouille soup; beignets for dessert.
Finke_01
Louis R. Hernandez, Attorney, Kurkland & Ellis, Chicago. Turkey sandwich, chips, and fruit.
Finke_05
Shivam Pappu, Trader, Citigroup, New York. Salad with hummus and tahini.
Finke_11
Samantha Brix, Senior copy writer, Havas Life New York, New York. Kale salad with feta cheese, olives, beets, and walnuts.
Finke_09
Steven Banton, Digital video editor, CNBC, Englewood Cliffs, New Jersey. Salad with tomato, onions, chicken, egg, and celery.
Finke_14
Everett Rosenfeld, Staff writer, CNBC, Englewood Cliffs, New Jersey. Ribs, kale salad, and Mountain Dew.
Finke_04
Mollie Tavel, Account supervisor, Weber Shandwick, Chicago. Sautéed spinach and fettuccine with marinara and meatballs.
Finke_16
Dominick Sherry, Visual effects artist, Practical Magic, Sun Valley, California. Sweet-and-sour chicken and fortune cookies.

 

- Реклама -