Некој кукле, ќе ти го накити вратот, рацете, прстите со злато. Ќе ти го наполни џепчето, гардероберот, масичата за шминки… ама душичето празно ќе ти го остави кукле.
А ти ќе мораш да се смешкаш и да изгледаш среќна во неговото БМВ додека шишките ти ги дува ветерот… и ќе ги гледаш будалетинките од маало како се држат за раце и среќата им извира од секоја пора. Немаат многу кукле, немаат многу. Ама тоа малкуто што го имаат ги прави најсреќни на свет. И ќе си ја видиш старата љубов од маало како носи бушаво синче на кркуш а женичката трчка покрај него, ги гледа со исполнета душа своите две причини за постоење. Ги гледа со еден посебен поглед кукле. Од оние погледите шо после пишуваат романи. А ти ќе ги ставиш цвикерите Луи Витон од петсто евра да не ти ги видат солзите. Дека од празна душа кукле, најтешките солзи извираат.
Драган Таневски, виа Фејсбук