Ангелот од амбисот: Човекот што спаси 160 животи само со убав збор

the-gap[1]

Карпата наречена „The Gap“ (амбис) важи за најцрната точка во Австралија со најголем број на самоубиства.

Сепак, The Gap, и покрај тоа што е престол на безнадежноста, колку и да звучи контрадикторно, е и место што ќе остане светол пример за исклучителна човечност и емпатија, место каде со секоја смрт се раѓа нова надеж.

Му го должи тоа на неповторливиот Дон Ричи. Ричи служел во австралиската морнарица за време на Втората светска војна, а потоа работел како агент за осигурителна компанија. Во 1964 се преселил во куќа на Old South Head Road, во непосредна близина на „Амбисот“. Don-Ritchie2-550x412[1]„Живеевме овде само кратко време пред да сфатам што се случува. Многу луѓе доаѓаа овде и се упатуваа кон карпата, а потоа исчезнуваа“.

Веројатно секој би продолжил да си ја брка работата, обидувајќи се да не мисли на она што се случува. Но, Ричи без двоумење го одбрал спротивното. Го нарекуваат „Ангелот од Амбисот“, и со право. Цели 50 години, вооружен само со љубезна насмевка и убав збор, Ричи ги одвлекувал оние „откажаните“ од намерите за самоубиство. До времето на неговата смрт, успеал да спаси 160 животи!

Постојано погледнувал низ прозорецот, а кога ќе забележел некој во близина на карпата, му приоѓал со најпријателски чекор, прашувајќи: „Можам ли да ти помогнам?“. Едноставниот трик бил повеќе од ефикасен – Ричи успевал да започне разговор, кој најчесто завршувал со тоа што непознатиот ја прифаќал неговата понуда да појдат на чај или појадок во неговата куќа. Најчесто, тоа било се што е потребно за луѓето да ја променат одлуката.

The_Gap_looking_south[1]

„Никогаш не ја потценувај моќта на убавиот збор“, беше неговиот најчест и најголем совет, ќе потврди неговото семејство.

Во едно интервју, Ричи објаснува како е да се биде во негова кожа: „Им нудам алтернатива. Секогаш се однесувам пријателски. Се насмевнувам. Низ годините, сум разговарал со многу од нив – Што правиш овде? Те молам, дојди и зборувај со мене. Намини да пиеме чај, дојди на едно пиво. Правам сé што можам да им го оттргнам умот, да ги спречам да преминат додека сум јас овде“.

Во време кога немаше полициски комбиња и S.O.S. телефонски линии, тој никогаш не ги почувствува постојаните напливи на самоубијци како товар. Напротив, Ричи беше воодушевен што живее таму и сметаше дека шансата да им помогне на луѓето е прекрасно нешто. За жал, не успеа да го спаси секој еден решен да си го заврши животот, но никогаш не си го зема тоа при срце. Секогаш беше свесен дека направил сé што може и дека не е негова вина.

Ричи е добитник на неколку медали за храброст, како од државата, така и од локалниот совет. Тој допре до срцата на многу Австалијанци и стана нивна инспирација, а неговото дело го сметаат за дефиниција на зборот „човечност“ и „добар сосед“.

Ја помина последната година од животот во борба со ракот. Почина во мај 2012-та, во присуство на неговата сопруга, трите ќерки и неговите четири внуци. Остана оптимист до самиот крај – „Знам дека ќе има и некој друг што ќе го прави ова што јас го правев“.

- Реклама -