Утопија наполни 500 години.
Терминот беше создаден како име за фиктивната земја од книга напишана во 1516 од Сер Томас Мор. Во книгата, Мор ги опишува разговорите со човек кој ја посетил Утопија – прекрасен остров близу брегот на тогаш далечната и егзотична Америка.
Утопија е земја без приватна сопственост. Секој е обезбеден со дом, а добрата и храната се чуваат во заеднички магацини и се дистрибуираат на барање. Секој во Утопија – и мажите, и жените – добива разнолико образование во сите области, од филозофија и политика до металостругарство и дрводелство. Мажите и жените се менуваат на смени во работењето на различни работи, а и покрај тоа што од секој се бара да работи, никој не работи една иста задача по повеќе од 6 часа на ден.
Ако не можеш да работиш заради возраста или болест, ќе бидеш згрижен и ќе ти бидат задоволени потребите како и на сите други. Ако ти треба медицинска нега, ја добиваш. Ако си во мизерна ситуација, и во болка, и сакаш само да заврши, еутаназијата е исто така достапна.
Нема брави на вратите во Утопија, главно заради тоа што постои мал мотив да се краде. Ако сакаш нешто, само побаруваш. Секој носи ист „степен“ на облека (нема скапа или евтина, фенси или просјачка). Сите имаат исто голема куќа. Златото и накитот се резервирани за исмевање на самата идеја за тоа да се биде богат.
Нема казнен систем во Утопија. Нема претходно поставени сетови од криминали и казни. Да се наштети некому, се разбира, е криминал, но инцидентите се решаваат од случај во случај. Нема стандардни казни, и нема задолжителни периоди на одлежување.
Во Утопија има разноликост од религии, и сите се толерирани – макар што на атеистите се гледа со троа сомнеж (некои нешта никогаш не се менуваат). Ниту една од овие религии не е официјална религија на државата, и од никој не се бара да учествува во било која религиозна група или да биде наклонет кон одредена религија за да добие статус. Утопија исто така е отворена и за нови религии, и секогаш заинтересирана за нови филозофии. Луѓето се слободни да преминуваат од религија во религија. На свештениците од сите религии им е дозволено да се женат, и сите религии можат да склучуваат бракови (меѓусебно). Браковите без да мора да се наведе вината на другиот се исто така дел од утопискиот живот.
Има крал во Утопија, макар што титулата мами, бидејќи го бира тело формирано од 200 демократски избрани пратеници. Баш тие пратеници го работат најголемиот дел од водењето на државата. Ако кралот почне премногу да се однесува како… крал, ќе биде отстранет. Законите се на минимум, а тие што постојат се направени да бидат што е можно поедноставни, за да нема потреба од адвокати. Патем, секој што ќе биде фатен да тера кампања за да избран за функција е автоматски дисквалификуван од правото на функција.
Утопија не војува со другите општества. Тргува и прави зделки. Дури формира и алијанси и ќе испрати помош ако некој од сојузниците е нападнат. Но, дури и тие алијанси се неформални, бидејќи Утопија не дава заклетви и не потпишува договори.
И мажите и жените се борат рамо до рамо во Утописката армија, а воените единици често се формирани од пријатели и фамилии. Утопијанците не се пацифисти, но кога се борат настојуваат да ги заробат непријателите наместо да ги убијат, секогаш кога тоа е можно. Утопија не се бори за територии, или за трговски добра, или за да се одмазди за грешки од минатото. Има стандарно решение за секоја нација што ќе и објави војна на Утопија – нуди големо богатство за секој што може да го испорача владетелот на таа земја што ја почнал војната.
Досега, Утопија звучи како… утопија, а идејата е уште поимпресивна кога ќе се земат во предвид општествените и економски услови во времето на Мор, особено што тој самиот бил и важен судија и приватен советник на кралот Хенри VIII. Создавање на место без приватна сопственост, ранк, религиски барања, воено насилство или легални комплексности е исклучително големо постигнување за човек што бил длабоко инволвиран во култура каде сите овие нешта се подразбирале како основа на функционирањето.
Но, Утопија на Мор си има и свои темни дамки, типични за 16-от век.
Во Утопија има ропство. Тоа звучи шокантно, но како и кралството, воглавно не е како што звучи. Робовите биле сведени на воените затвореници и на тие осудени за сериозни криминали. Повеќе е во смисла на „јавен сервис“ отколку во традиционалната смисла на ропството, и тој начин е префериран за справување со криминалот. Робовите биле оковани во злато, вклучувајќи дебели златни ланци и златни појаси, и за да бидат истакнати, и за да се акцентира идејата дека богатството не е добро. Робовите можат да бидат ослободени кога ќе се покајат и ќе зажалат за нивните криминали.
Сепак, има и робови кои Утопија ги купува од земјите надвор од неа. Е тоа е баш како што звучи. Иако и овие робови можат да бидат ослободени, тоа не ја прави идејата помалку одвратна.
Потоа доаѓа сексот. Во Утопија, вонбрачниот секс е сериозен криминал. Изневерувачите можат да бидат фрлени во ропство доживотно, а ако тоа не ги запре, повторувањето на делото се казнува со смртна казна.
Предбрачниот секс исто така е криминал. Жените мораат да имаат најмалку 18 години пред да се мажат, а мажите мораат да имаат 22. Секој што има секс пред брак е подложен на доживотна присилна апстиненција. Прекршувањето на апстиненцијата е казниво со ропство или смрт. Не се знае што мислат Утопијанците по прашањето на секс во други форми освен еден маж-една жена, ама можеме да насетиме дека не се баш радосни.
Во Утопија постои и чуден сет од регулативи кои се однесуваат на патувањето. Патувањето во и надвор од земјата е регулирано, но дури и во рамките на Утпоија, кралот или внатрешниот пасош ги одредува областите каде што на Утопијанците им е дозволено да одат. Да се најдеш надвор од дозвлените области без потребните папири, е криминал.
Во Утопија, намерно, нема приватност. Приватноста не се смета за право. Да се сака да поминеш време сам, или со мала група на пријатели, се гледа со неодобрување. Утопија не сака да дава премногу можности за да се планира побуна или завера против државата.
И покрај тоа што на прв поглед изгледа како изненадувачки модерен однос кон жените, во Утопија и понатаму постојат строги барања тие да продолжат да ги извршуваат сите домашни задачи, да признаат било какви „гревови“ на нивните сопрузи, и генерално – да ја остават политиката и религијата на мажите (иако и во двете учествуваат и неколку вдовици).
Пет години по пишувањето на Утопија, Томас Мор е прогласен за витез. Следната година станува претседател на Долниот дом. Во 1529-та година, Мор станува главен канцелар на Англија. Но подоцна, Мор – посветен католик, ја прекинува блискоста со Хенри, заради англиската црква и разводот на Хенри. До 1532-та ја напушта функцијата, а во 1535 е обезглавен со меч.
Мор е славен како светец заради неговиот отпор кон Хенри. Сепак, неговата приказна не е така фина кога ќе се земе во предвид бројот на луѓе кои биле егзекутирани за ерес во краткото време кога Мор беше канцелар, и од агентите што ги испраќаше да ги гонат протестантските лидери кои се обидуваа да му избегаат напуштајќи го контитентот. Утопија дозволуваше слобода на религијата и развод. Томас Мор – не.
Самиот Мор призна дека Утопија не е по ликот на неговите сопствени чувства и ставови по однос на поставените прашања во книгата, а ни дека не била напишана со намера да биде комплетно кохерентен сет од полиси. Повеќе била група од теми на разговор. Каков би бил животот без приватна сопственост? Како би функционирало општеството без централна религија? Како би се бранела една неагресивна нација?
***
Ако одговорите што ги нуди Мор беа малку повеќе од ментални вежби и преформулирања на идеи кои потекнуваат најмалку од времето на Платон, пак ќе беа добри во поголемиот дел. Постои причина што Утопија почна да означува утопија и зошто „неместото“ (ou topos) на Мор стана пример за перфекција.
За жал, 500 години по Утопија, идејата доби поинакво значење. Идеалистичко. Нереалистично. Недостижно. Време е да го смениме тоа.
Знаете зошто има толку многу дистописки новели, многу повеќе отколку утописки? Бидејќи дистопијата е лесна. Ја има секој ден. Природно ни доаѓа да размислуваме за најлошото. Ама да се замисли утопија – тоа бара напорна работа. А никој не ја прави веќе предолго време.
Во денешно време, сé се сведува на прогрес, и тоа е супер. Но, ако сме за прогрес, за каков прогрес сме? За прогрес кон што? Која е целта, метата? Каде е нашата дестинација? Малку е лудо ако целта не ни е перфекција т.е. утопија, уште полудо е ако итаме без конкретна цел.
Затоа, треба да дефинираме своја Утопија. Не мора веднаш да биде совршенство. Нека биде најдоброто што во денешново време можеме да го направиме за да поставиме основи за едно совршено општество. Притоа не треба да мислиме на летечки коли и репликатори со кои од едно создаваш две. Треба да мислиме на општество кое опстојува во услови на изобилство, во реме кога оскудноста е надмината. Општество во кое луѓето ќе имаат предизвици, но не и тешкотии по дифолт. Општество во кое економиките нудат можности, без притоа да подразбираат опресија.
Второ, треба да се создаде пат кон утопија. Ако има нешто кон што треба да работиме, како ќе стигнеме таму? Ако идеалното општество е бескласно, кои чекори треба да ги направи за да ги отстраниме класните разлики? Ако идеалното општество бара да ја редуцираме нееднаквоста, кои се првите чекори кон намалување на тој јаз?
Треба да почнеме да притискаме кон овие цели. Ако немаме своја визија за утопија, алтернативата секогаш ќе биде само верзија на нешто што сме го виделе и порано. Треба да си поставиме и строг краен рок – до крајот на животот.