Влегува риба во медуза и… Звучи како почеток на виц, ама всушност се работи за екстра редок и бизарен морски спектакл кој заврши уловен на камера. Фотографиите ги направил Автралијанецот Тим Самуел додека лани нуркал во Бајрон Беј со една пријателка.
Никој не знае како успеала рибава да заглави во медузата, ама и медузата околу рибата, бидејќи како што раскажува Самуел, рибата го контролирала движењето на подеднакво беспомошната медуза.
Обично ваквите ситуации кај луѓето имаат многу едноставно објаснување – алкохол. Ваму во морево, кој ќе ги знае.