Во САД, 1 јуни означува почеток на сезоната на урагани. Според пресметките од 1998 година, кои сé уште важат за денешните услови на Земјата, максималната потенцијална брзина на ураганите е 305 километри на час. Научниците предвидуваат дека со климатските промени, нивниот потенцијал ќе порасне, но сметаат дека нема да надмине 322 км/ч (200 милји на час).
Од друга страна, тајфуните и другите типови на ветрови знаат да бидат и многу посериозни. Тајфунот (што всушност е ураган, но во друг дел на светот) Ненси во Северозападниот Пацифик од 1961 година дуваше со 346 км/ч. Најсилниот „обичен“ ветер е измерен на Маунт Вашингтон во 1934-тата – дувал со 370 км/ч, а за време на торнадото во Оклахома во 1999 година, научниците измерија неверојатни 511 км/ч.
Сега кога имаме мал увид во моќта на ветерот, да видиме каков ефект има врз човековото тело. Запознајте го Џим Канторе од The Weather Channel, кој баш со таа цел застана пред ветерна турбина и се соочи со ветер со брзина од 300 километри на час. Па, може да се рече дека е како природен ботокс.