На одмор во Советскиот Сојуз: Туристичките разгледници на СССР

По нарачка на „Интурист“ – организацијата задолжена за странски туризам основана во 1929 година, беа создадени мноштво уметнички разгледници со слики од Москва и Ленинград, како и од приморските одморалишта од земјите на Советскиот Сојуз. Задачата беше да се привлечат странски туристи од различни земји.

За таа цел, во почетокот на 30-тите години, канцеларии на “Интурист” се појавуваат во Англија, Германија, па дури и САД, и тоа на Петтата авенија во Њујорк.

1

Во 1934 година, СССР е посетен од 50.000 странци – 3 пати повеќе отколку во почетокот на рекламната кампања.

Само во првите 10 години работа на “Интурист”, СССР привлече над 1 милион странци.

Постерите во арт-деко стил го ветуваа „рајот на Земјата“ – не само на морскиот брег, така и по планинските падини.

На некои од сликите имаа работено и познати советски илустратори од тоа време: Сергеј Сахаров, Марија Нестерова, Николај Жуков.

Најмногу во постерите се сретнуваат пејзажи од Крим и Одеса, реклами за патувања по Волга, а исто така и патувања во Ерменија.

Денес, стартната цена на плакатите се движи од 800 до 3.000 долари, а секоја колекција на аукциите се проценува на 25.000 долари.

2

Патем, Интурист настојуваше да нуди фиксни маршрути по советските републики, со цел да биде спроведена соодветна контрола врз групите од странски туристи.

Во 20-тите и 30-тите години на 20-от век, повеќето европски туристички постери ги издаваа железничките компании и компаниите што нудеа луксузни крстарења. СССР ги користеше и како форма на надворешна пропаганда, која имаше за цел да го подобри имиџот на земјата, од една, и да привлече свежи инвестиции во земјата по завршувањето на Првата светска војна. Според познавачите, Советскиот Сојуз одлично се справил со тоа.

3 4 5 7 8 9 10 11 12 14 15 16 17

- Реклама -