Фотографиите кои ги објави најпродаванотo британско списание The Sun ја прикажуваат Витни, мајка на 13-годишната Боби-Кристина со црни кругови под очите и налудничав лик на лицето.
Фотографиите кои ги објави најпродаванотo британско списание The Sun ја прикажуваат Витни, мајка на 13-годишната Боби-Кристина со црни кругови под очите и налудничав лик на лицето.
Сликите од нејзиното купатило исто така откриваат знаци на употреба на дрога, со вообичаените додатоци: „луле за пушење крек, ризли, остатоци од кокаин итн.“ – изјавува списанието.
Фотките од купатилото биле наводно сликани од нејзината снаа, Тина Браун, во домот кој Витни го дели со нејзиниот маж – пејачот Боби Браун, во Атланта, Џорџија.
„Вистината мора да излезе на виделина. Витни не сака да се откаже од дрогите. Тоа го прави секој ден. Многу е тажно. Сите се загрижени да не се предозира.“ – изјави г-ѓата Браун.
Според неа Хјустон редовно исчезнува со денови, па и недели. Деновите кога е дома пак, се затвора во нејзината спална соба.
„На моменти, таа крши се од покуќнината – огледала, телефони, плакари…“
„Разбирам низ што поминува моментално. Зависноста е болест. Можеби ова интервју ќе и го спаси животот.“ – вели Тина, поранешен зависник.
Витни Хјустон продаде повеќе од 100 милиони албуми низ цел свет и беше еден од најголемите женски вокали во 80-тите со хитовите како I Wanna Dance With Somebody и I Will Always Love You.