Ако името Мишел Гондри не ви значи ништо, сигурно ви значи неговиот филм „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“. На тие што се малку повеќе по филмовите сигурно им значи и „The Science of Sleep“ (2006), а на тие што се по музиката, им значат барем неколку од повеќе од педесетте музички спотови што ги има снимено Гондри.
Неговата кариера како филмски режисер почнува токму како режисер на музички видеа, најпрво за францускиот рок бенд Oui Oui, во кој и самиот Гондри беше бубњар. Стилот на неговите видеа ѝ го фати окото и на Бјорк, која побара да ѝ го режира спотот за „Human Behaviour”. Соработката се покажа како трајна, а Гондри сними вкупно 8 видео спота за Бјорк. Неговиот исклучителен талент го прочу и го направи извонредно баран, па во кариерата, Гондри снимаше спотови и за Daft Punk, The White Stripes, The Chemical Brothers, The Vines, Steriogram, Radiohead, Beck и многу други.
Заедно со Спајк Џонз и Дејвид Финчер, Гондри е уште еден претставник на бранот од извонредни режисери на музички спотови што на голема врата влегоа во сферата на играниот филм.
7. Kylie Minogue – ‘Come Into My World’ (2002)
6. White Stripes – ‘Fell In Love With A Girl’ (2002)
5. Bjork – ‘Crystalline’ (2011)
4. Bjork – ‘Army Of Me’ (1995)
3. Chemical Brothers – ‘Star Guitar’ (2001)
2. Lucas – ‘Lucas With The Lid Off’ (1994)
И нормално: