Архитектура, футуризам, иновација и малку лудило за шмек. Подобро – здравје.
1. Aequоrеa, пловечкиот град
Идејата за комплексот е плод на богатата имагинација на белгискиот архитект Винсент Каибо. Проектот се нарекува Aequorea и е планиран да биде изграден во крајбрежните води на Рио де Жанеиро. Според дизајнот на авторот, вакви градови би можеле да се самоодржливи преку рециклирање на морските ресурси, кои на луѓето би им обезбедиле струја, храна и вода. Прекрасните зајдисонца се бонус.
2. Cobra Towers, Кувајт
Проектот Cobra Towers е еден од најдискутираните архитектонски проекти во интернет просторот. Изградбата на облакодер е предвидена за 2030 година. Кулите ќе бидат високи над 1 км. Дискусиите се движат не само околу големината на зградата, но и околу тоа како ќе изгледа лифтот; формата на кулите не овозможува стандарден лифт, па најизвесно е дека тој ќе функционира преку компримиран воздух на принципот на пневматска цевка. Кулите не само што ќе бидат највисоките, но и едни од најубавите облакодери во светот.
3. Био пирамида
Предвидена е како сместувачки комплекс, кој се предвидува да биде изграден меѓу Каиро и древните пирамиди. Кој знае, можеби оваа пирамида, како и нејзините претходници, еден ден ќе биде сметана за светско чуда од страна на нашите потомци (веројатно во насока на тоа како сме биле толку примитивни, а сме можеле да ја изградиме).
4. Cloud Catcher
Ова е револуционерен проект, дело на корејски архитекти. Конструкцијата „ги фаќа“ облаците и ги пренасочува во пустинските области. Реализацијата на овој проект ќе помогне во решавањето на проблемот со сушата и лошата жетва. Cloud Catcher би требало да донесе повеќе сончеви денови во Лондон и да ја спаси Централна Африка од глад.
5. Ecorium, Јужна Кореја
Создаден по иницијатива на Националниот еколошки институт на Јужна Кореја, комплексот се протега на над 33.000 хектари. Ова ќе биде едно уникатно место со клиновидни оранжерии, каде што ќе се вршат еколошки истражувања. Централните згради ќе бидат изградени така што внатрешните услови ќе можат да се менуваат под влијание на надворешната средина, што може да помогне во заштедата на енергија. Тоа е добра карактеристика на секоја модерна зграда, и се разбира, добро за околината.
6. Облакодер Dragonfly, САД
Ова е уште една фантастична зграда, замисла на Венсан Каибо. Би требало да биде изградена на островот Рузвелт и ќе биде висока 700 метри. Комплексот ќе претставува супер модерно село, таму, среде најголемиот мегаполис во светот – Њујорк. Според дизајнот на авторот, во внатрешноста на конструкцијата ќе има зони за рекреација, оранжерии, како и млечни и месни фарми. Сепак, и покрај своите предности и еколошкиот план, проектот не добива поддршка од жителите на градот, а неговата изградба засега е под знак прашање.
7. Планинско одморалиште Dawang, Кина
Dawang личи на вселенска станица, ама ќе биде завршен многу побрзо отколку што би се очекувало на прв поглед. Зградата ќе има ски одморалиште, лизгалиште и воден парк. Футуристичкото одморалиште отвора врати оваа година – доказ дека веќе стигнавме во иднината.
8. „Шетачки“ облакодери на Марс
Да, архитектите знаат и да откачат и да создадат нешто вакво. Зградиве можат да се движат сами. Со собирање на потребните елементи од површината, тие произведуваат стакленички гасови, со што го „загреваат“ Марс и постепено го претвораат во место соодветно за живот. Лудо, зар не?