Создавана во период од 18 месеци, фото-серијата на италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти – наречена „Toy Stories“, се состои од фотографии од деца од целиот свет, заедно со нивните најдрагоцени играчки.
Да се биде дете секаде значи исто: сакаш да си играш. Но, тоа што Галимберти го открил е дека децата од светот се разликуваат по тоа КАКО играат. Тој од прва рака се уверил дека децата во побогатите земји се поскржави кога се работи за нивните играчки и им треба повеќе време пред да ти дозволат да играш со нив – токму тоа го правел Галимберти пред секоја фото-сесија. За разлика од нив, децата во посиромашните земји, иако имаат многу помалку играчки, некогаш и само една, многу побрзо и полесно се впуштаат во игра со другите и ги споделуваат своите играчки.
Има и сличности, особено во функционалните и заштитнички моќи кои децата им ги даваат на своите играчки. Играчките го рефлектираат светот во кој секое од децата е родено – економскиот статус и секојдневниот живот влијае на тоа кој какви играчки децата пројавуваат интерес…
Toy Stories не е само игрива фото-сесија со играчки и нивните горди сопственици. Toy Stories прераснува во една прилично важна антрополошка студија.