Уникатен спирален домашен помфрит

Ова е дефинитивно нешто што сакаш да го имаш во животот.

Tи треба:

• спирализер
• компир
• зачини

Или во конретниов случај:

• 2 компири
• 3 лажици масло за готвење
• ½ лажица сол
• ½ лажица бибер
• ½ лажица црвен пипер
• ½ лажица ким
• ½ лажица лук во прав
• ½ лажица чили во прав
• кечап

ПОДГОТОВКА:

Ја загреваш рерната на 230°.

Користејќи спирализер, ги сечеш компирите во спирала. Ги распоредуваш рамномерно во еден слој во сад за печење. Рамномерно го посипуваш маслото, па солта, црниот пипер, црвениот пипер, кимот, лукот во прав, и чилито во прав.

Печеш 25-30 минути додека не станат крцкави, па ги служиш (директно во стомакот) со кечап. Вкусно!

pomfrit

- Реклама -