Вселенските рудари ги спремаат копачите

NASA-Asteroid-Mining[1]

Ако нафтата, IT-индустријата и берзите ги создадоа првите милијардери во светот, вселенската „Златна треска“ може да роди сосема нова класа на богаташи, со тоа што ќе ги умножи нивните средства за сто и повеќе пати. Тоа ќе го постигне преку експлоатација на огромните наоѓалишта на минерали што се кријат под површината на астероидите.

Иако ископувањето на драгоцености од вселенските тела во Сончевиот систем е во сосема рана фаза, Луксембург веќе почна да инвестира во основите на оваа индустрија.

Владата на малото европско војводство веќе договори партнерство со компанијата Deep Space Industries, партнерство за кое се очекува да даде поттик за развој на технологијата за експлоатација на скапоцени материјали од астероидите.

618x412[1]

Првиот чекор ќе биде проектот наречен Prospector-X, проект кој ќе претставува истражувачка мисија за проучување на експериментални технологии кои можат да се користат при идните рударски мисии на астероидите.

За почеток, Deep Space Industries планира да развие мал вселенски брод со можност за летање во ниската орбита околу Земјата, чија основна цел е да се тестира моторот Comet-1, кој е дизајниран за погон на вода. Ќе се тестира и двокамерен оптички систем за навигација и авионика, кој подоцна ќе се користи за насочување на рударските вселенски бродови до астероидите. Prospector-X, кој ќе биде изграден во Луксембург, ќе ја тестира и издржливоста на високо-технолошките електронски компоненти во однос на тешкото радиоактивно зрачење што се апсорбира при подолг престој во вселената.

Поентата на сите овие случувања е да се докаже дали може да биде создаден модел за ефективна екстракција на природни ресурси од астероидите – а такви ги има многу.

Вселенските истражувачи се сигурни дека небесните тела можат да се претворат во богат извор на индустриски суровини и вода.

Астероидот 2011 UW158, на пример, чиј најблизок пристап до земјината орбита беше забележан во 2015 година (околу 2.4 милиони километри од површината на планетата), содржи платина и други вредни материјали во вредност од помеѓу 300 милијарди и 5.4 трилиони долари. Составот на астероидот е одреден со помош на спектрометри, кои ја мерат силата на светлината која се рефлектира од објектот.

Слично на 2011 UW158, научната база на податоци Asterаnk има целосна листа на сите астероиди и вредноста на ресурсите достапни во нив.

Плановите на Луксембург за развој во сферата на вселенското рударство беа најавени уште во февруари. Во обид да биде пионер во истата, владата на Луксембург подготвува партнерство не само со Deep Space Industries (чија централа се наоѓа во земјата), туку и со комапнијата Planetary Resources, зад која стојат основачот на Google – Лари Пејџ, претседателот на одборот на директори на Alphabet – Ерик Шмит и британскиот претприемач – сер Ричард Бренсон.

Во меѓувреме, паралелно со развојот на самата технологија, Луксембург планира да воспостави и правна основа за ископувањето на вселенските природни богатства – како во националното, така и во меѓународното право…

Првиот ресурс кој ќе може да се добива од астероидите, ќе биде мразот, со кој ќе се напојува потребата од вода за вселенската индустрија.

„Водата игра голема улога во многу од вселенските активности и нејзиното директно добивање од астероидите ќе биде многу поевтино отколку евентуален нејзин пренос од Земјата. Водата ќе биде одлучувачка за вселенскиот 21 век, исто така како што нафтата беше пресудна за 20-от век на Земјата”, вели Крис Левицки од Planetary Resources.

- Реклама -