На богатите им воведуваат данок за да го опорават Еквадор од земјотресите

Ekvador_zemljotres[1]

Претседателот на Еквадор најави дека ќе воведе данок за најбогатите, со што и на тој начин би ѝ се помогнало на земјата да се обнови по земјторесите, пишува БиБиСи.

Секој кој заработува повеќе од илјада долари месечно, ќе треба да плати еквивалент на еднодневна заработка, тие кои заработуваат по повеќе од 2000 долари месечно ќе мора да издвојат дводневна заработувачка, па сé така до тие што заработуваат и по 5000 долари, а кои ќе треба да издвојат по 5 дневници.

Исто така, луѓето кои поседуваат имот вреден над милион долари ќе мораат еднократно да платат 0.9 од своето богатство.

Во земјотресот со јачина од 7.8 степени по Рихтер, што ја погоди земјата во саботата, загинаа повеќе од 570 луѓе, од кои досега се идентификувани 526. Бројот на исчезнати е 163, а преку 7000 се повредени.

Од саботата се забележани уште 500 нови потреси, а најсилен беше тој во средата, со магнитуда от 6.2 степени по Рихтер.

Трошоците за обнова се проценуваат на околу 3 милијарди американски долари. Според Светска банка, на Еквадор и онака му се закануваше пад на БДП-то од 2%, уште пред земјотресот, како последица на падот на цената на нафтата.

- Реклама -