Треба ли болничар да му се лути на фаст-фуд работник зашто зема иста плата?

27348[1]

Мал вовед: Од не многу одамна, откако оформија свој борд и побараа покачувања, а потоа и протестираа за таа цел, работниците во фаст-фуд рестораните во Њујорк добија закон според кој ќе мораат да бидат платени по минимум 15 долари по час (за разлика од досегашните 8 долари на час). Веста како експлозија одекна на Интернет, а луѓе од сите страни и сите професии почнаа да се бунат дека не е фер „ебените превртувачи на бургери“ да заработуваат колку и еден електричар или колку еден болничар во брза помош.

И тогаш, се јави и еден болничар од брза помош – Јенс Рашинг. Ама наместо да се лути што вработените во фаст-фуд рестораните конечно добија плата со која ќе можат да живеат малку подобро од кучиња, тој солидарно застана во нивна одбрана:

paramedic

„Јас сум болничар. Мојата професија подразбира широк дијапазон на вештини: интерперсонални, медицински и технички, како и клучната вештина на работење под притисок. Често сам донесувам одлуки, во секунда, во хаотични околности, кои влијаат на здравјето или животите на луѓето. Заработувам 15$/час.

А овие превртувачиве на бургери мислат дека заслужуваат колку и јас? Добро за нив.

Видете, ако некоја работа зафаќа нечиј живот, тој некој заслужува нормална дневница од која ќе може да живее. Ако постои работа и мораш да најмиш некого да ја работи, тој заслужува нормална дневница. Крај на приказната. На работа многу се зборува и слушам разни муабети од типот: „Овие серковци без едукација и без вештини мислат дека заслужуваат колку и ние? Нека се ебат таквите серковци!“. Или на Фејсбук: „Јас сум лиценциран електричар, заработувам 13 долари на час, овие превртувачиве на бургери нека одат да се ебат!“.

И баш тоа е она што го сакаат шефовите. Сакаат ние да се караме и тепаме за тоа кој ќе го земе најголемото купче трошки, за да не се освестиме дека тие побегнале речиси со целата проклета торта. Зошто си лут околу тоа вработените во фаст-фуд рестораните да заработуваат два долара на час повеќе, кога твојот извршен директор заработува 100 ПАТИ повеќе од тебе? Во интерес на шефовите е да го насочиш гневот надолу по хиерархијата, кон луѓето што се мачат за живеачка исто како што се мачиш ти, наместо кон богатите серковци кои консумираат речиси сé што ние продуцираме и не враќаат речиси ништо за возврат.

Мојата компанија, како што обожаваше да се пофали во „мотивационите“ и-мејлови, ланската година ги намали трошоците за 1.3 милијарди долари. Тие очекуваат од нас, луѓето што издржуваат семејства со 26-27 илјади долари годишно, да аплаудираме на таквиот потег. А да не зборуваме за техничарите и хигиеничарите и касиерите и туркачите на болнички кревети, кои заработуваат дури и помалку од нас, а се апсолутно клучни и критични за една болница да работи – исто колку што е и ебениот извршен директор на неврохирурзите. Можат ли да ни платат повеќе? Апсолутно. Но зошто би ни платиле? Никој не ги натерал.

Работниците од Њујорк „ги натераа“. Тие се бореа за тоа и добија основна дневница. Па, колку ли неверојатно жално и контрапродуктивно е да се галами дека нивното купче трошки е поголемо од нашето? Вложете ја таа енергија во друг правец. Организирајте се. Борете се. Победете и добијте“, завршува Рашинг.

Fast-Food-Workers-Strike[1]

Не, ова не е пост за Њујорк, за сендвичарите и за болничарите. Поенти сами извлекувајте.

- Реклама -