Патуваш во Јужна Америка? Носи си штекер

shtekeri

Можеби не секоја, ама еден куп земји имаат различни штекери. Има најмалку 12 различни вида на приклучоци, а што повеќе навлегуваш во нивниот свет и во тоа како се распоредени низ светот, толку поапсурдна станува ситуацијата. На пример, ако купиш полнач за телефон во Флорида, нема да можеш да го полниш телефонот кога ќе авионот ќе ти слета во Франција. Ако купиш тризабен портабл адаптер во Париз, можно е да немаш каде да го уклучиш ако возот те остави во Германија. Ако слеташ во Лондон, биди спремен да купиш од оние големите адаптери за да можеш да го вклучиш во нивната електрична мрежа. Плус истиот ќе ти се најде ако одиш во Сингапур… а, и во Нигерија… А ако си од земја што користи 110 волтна електрична мрежа, подобро да си купиш и конвертор кога ќе патуваш во земја што користи 220-240 волти, за да не ти експлодира приклучокот.

Ситуацијата е многу подобра во Европската Унија, бидејќи се користи стандардизиран Тип C Europlug, ама ширум светот е хаос. Речиси и да може да се рече дека штекерите се дел од културата на секоја земја (а не се, зашто се штекери и немаат никакво подлабоко значење), а така и ќе остане сé додека не се измисли нешто ново што ќе ги замени на глобално ниво. А како што рековме, овие 12 најчести типови (секој тип си има своја буква, без некакво значење, доделена само заради полесна категоризација) се поделени и во две „конкурентски“ групи, оние од 110-120 волти (како тие во Северна Америка) и оние од 220-240 волти (какви што користи Европа и поголемиот дел од светот).

Генерално, еве како изгледа сликата на тоа кој што користи:

18mn6p37jctyxjpg[1]

Во Јужна Америка ситуацијата е веројатно најлоша. Пази ова:

argentina боливија бразил венецуела гвајана еквадор колумбија парагвај перу суринам уругвај-а уругвај-б фгвајана-а фгвајана-б чиле

Детален водич за штекерите во светот – ТУКА.

- Реклама -