Можно е Евровизија 2016 да не се одржи

Eurovision-2016-Stockholm[1]

Вработените во шведскиот јавен медиумски сервис најавуваат штрајк, поради кој се шпекулира дека може да го загрози одржувањето на Евровизија во предвидениот термин.

Синдикатот и челниците на SVT не можат да се договорат околу покачувањето на платите и пензиското осигурување.

Штрајкот го поддржуваат 10 илјади членови, а меѓу нив има околу 50 камермани, инженери на звук, сценографи и уште многу други професионалци кои работат на подготовките за Евросонг, а би можеле да си заминат од своите работни места.

Евровизија 2016 година треба да се случи од 10-ти до 16-ти мај, а подготовките засега течат во најдобар ред.

Сепак, очекувањата за ова лошо сценарио се возможни доколку ситуацијата со штрајкот не се подобри.

- Реклама -