Продиџи пак на Егзит

prodigy

„The Prodigy” го изменија планот за турнејата што го промовира последниот албум и сепак ќе настапат на Егзит фестивалот на 10 јули.

На анкетата за тоа дали бендот повторно да се донесе во Србија и ова лето, 92% од вкупно 25.000 луѓе се изјаснија со „ДА“. Резултатите стигнаа до ушите на членовите на групата и очигледно, со ефект.

Лиам, Кит и Максим и лично се обратија до публиката на Егзит:

Постојат веќе 25 години, а со последниот албум „The Day is My Enemy” по шести пат во низа се најдоа на првото место на британската листа на најпродавани албуми.

На последната турнеја, The Prodigy настапија на речиси сите поважни фестивали од Австралија до Америка, вклучувајќи и стадиони, арени и најголемите концертни простори од Јапонија до Аргентина. До крајот на истата ги очекуваат настапи во уште 15 земји, вклучувајќи го и тој на Егзит 2016.

- Реклама -