Жените што мастурбираат одат директно во пеколот, е пораката на еден христијански писател.
Мак Mejor, од издавачката куќа Eden Decoded, на Фејсбук напиша: „премногу христијанки ја губат шансата за вечен живот, затоа што мастурбираат“.
„Дилдо-ата и сите видови такви секси играчки, се користат со илјадници години во демонските ритуали“, пишува тој. „Ова е еден од главните начини на кои паганските општества ги обожувале нивните демонски богови. Во тоа нема ништо нормално исекој христијанин кој го тврди спротивното треба да се срами“.
Во постот е објавен и линк до текст на веб-сајтот на Eden Decoded, во кој писателот предупредува дека Сатаната го користи сексот за да ги „зајакне демонските ентитети”.
„Многумина кои го читаат ова имаат секс играчки. Без разлика дали сакате да го прифатите тоа или не, овие играчки се демонски портал помеѓу демонскиот свет и вашиот живот. Сé додека имате секс играчка во куќата, имате премин кој им овозможува на демоните, не само по своја сопствена волја да влезат во вашиот живот, но, исто така, и да ве мачат и да ви уништуваат одредени аспекти од животот кои се поврзани со сексот и вашите врски“, пишува тој.
Постот е извадок од неговата книга „Diva, Goddess, Queen: Breaking The Power Of Soul Ties, Lust And Sexual Demons“. А сексот, генерално, и особено мастурбацијата – се популарни теми на сајт. Еве уште еден интересен извадок од книгата:
„Постојат и сексуални демони. Опасноста од мастурбацијата е во тоа што некој може неповратно да му се предаде на демонот на сексот, кој се поврзува со вас преку чинот на мастурбација. Кога тој демон ќе се закачи, тешко е да го избркате. Ќе ве наведува на мастурбација, дури и кога не сакате. ќе имате потреба да си играте со себе и тоа така силно што оргазмот ќе ви обезбеди само привремено олеснување“…
И така.