Четирите јавачи на индустриската апокалипса

tumblr_o564clyEn51s1j2cao1_500[1]

„Четирите јавачи на индустриската апокалипса“ (The Four Horsemen of the Industrial Apocalypse) е последното дело на иновативниот британски вајар и уметник – Џејсон деКајрис Тејлор. Поставена е на насип во реката Темза во Лондон и ја најавува еколошката катастрофа која го очекува светот ако под итно не се преземе нешто по прашањето за климатските промени.

Скулптурите се во природна големина и се составени од двајца бизнисмени и две деца на коњи кои наместо глави имаат пумпи за вадење нафта. Ни Темза не е одбрана случајно – реката е место за трговија и трговска размена уште од железното доба. Децата, пак, се симбол на младите генерации што ќе бидат невини жртви на климатските промени.

Прочитајте и:  Коперник: Летото 2024 година на северната хемисфера е најжешко досега

Сето ова се соединува во многу силна симболика заради фактот што скулптурата се гледа само 2 пати во денот, што се должи на плимата и осеката на Темза, што директно го симболизира покачувањето на морското ниво како последица од глобалното затоплување.

- Реклама -