Како да ја надминете рецесијата недопрени?

header_mk.jpg Во организација на првиот специјализиран тренинг центар во областа на продажба, услуга и успех, Triple S Learning,
во Скопје гостува најпознатиот светски експерт за справување со
економски кризи и продажба во услови на рецесија г-динот Роуан Гибсон.

Бизнис конференција со гуруто за економски кризи – Роуан Гибсон

rowan.gif
Во организација на првиот специјализиран тренинг центар во областа на продажба, услуга и успех, Triple S Learning, во Скопје гостува најпознатиот светски експерт за справување со економски кризи и продажба во услови на рецесија г-динот Роуан Гибсон.

Елитната бизнис конференција, која ќе се одржи на 15 април во хотелот Холидеј Ин, совршено кореспондира со тековната ситуација во македонската и светската економија. Опстојувањето на пазарот, зголемувањето на профитот и пребродувањето на економската криза со зголемен раст се точки кои моментално го тангираат на секој бизнисмен.

Конференцијата ги нуди одговорите кои навистина ги очекуваме:

  • Како да ја надминеме и, што е најважно, да профитираме од рецесијата?
  • Како да продаваме на пазар на кој купувачите повеќе не купуваат и се плашат да инвестираат?
  • Како да иновираме и имплементираме радикални решенија за бизнис раст и развој во услови кога и самата бизнис егзистенција е дискутабилна?

Господинот Роуан Гибсон ги нуди одговорите и решенијата за Вие директно да ги примените. Тој е:

  • Најпознат светски експерт за стратегии за избегнување и надминување на ефектите од глобалната рецесија и продажни стратегии во услови на економска криза
  • Автор на Harvard Business Press бестселерот – Иновациja до Корен
  • Консултант и говорник на Microsoft, Nokia, Heineken, Philips, Roche, ING Bank, Ernst & Young, Investec, IBM, Bayer, Philips, Siemens, Volkswagen, Gap, Renault, Mercury International, Nestle, Nike, Delloite, Procter & Gamble, TNT…

Користејќи примери кои се применливи на македонскиот пазар и нудејќи решенија кои веднаш можат да се аплицираат, Роуан Гибсон ќе даде решенија две актуелни теми: Како да се продава на пазар на кој купувачите се плашат да купуваат и Како да се зголеми профитот во услови на рецесија.  Покрај ова, тој ќе биде достапен за прашања од публиката.

Роуан Гибсон доаѓа во Скопје како најбараниот говорник на темата справување со економски кризи и порачува: “Во секоја економија постојат моменти на продажна и финансиска криза. Ќе ви покажам дека и најлошите економски времиња можат да бидат најдобриот момент за Вашиот бизнис да ја надмине конкуренцијата и да го зголеми профитот!”

Кога сите други стравуваат за своето место на пазарот, Вие почнете да го планирате профитот!

Инвестирајте во себе и својата компанија!

Аплицирањето за конференцијата е во тек, а повеќе информации за настанот можете да добиете на www.gibsonvoskopje.com.mk.

- Реклама -