Ако бевме 2004-та, би инвестирале ли во Фејсбук?

6176497431_d748572a3a_b[1]

Сега Фејсбук е една од најголемите светски компании, со неприкосновен монопол врз друштвените онлајн интеракции, сé тоа под капата на Марк Закерберг. Сега, кога Фејсбук вреди 267 милијарди долари, одлуката за тоа дали да се инвестира во компанијата е очигледна, но што ако се вратиме во 2004 година? Ако и тогаш бевте храбри, сега ќе бевте богати. Но не е така лесно да се инвестира во нова и неизвесна технологија – каква што беше идејата на Марк на времето, особено имајќи го во предвид ова интервју на Закерберг од истата таа година.

Најзначајниот одговор на Марк е оној првиот; кога го прашаа колку голем мисли дека ќе стане Фејсбук, тој одговори: „Невозможно е да се каже… Прво сметавме на 400-500 луѓе… Сега Фејсбук има 100.000 корисници“. За најдалекугледите и најхрабрите инвеститори тоа може да биде и добар хинт, но навистина, никој не можеше да предвиди дека двајца студенти на колеџ ќе создадат нешто што денес ни ги конзумира животите на дневна база. Притоа, голем дел од успехот на Фејсбук зависеше и од генералната клима и потребите на интернет крисниците во тоа време, пред 12 години, па може да се рече дека и самиот развој на Интернетот во многу помогна да се поплочи патот за најпопуларната социјална мрежа.

И сега, со оглед на сите овие податоци, да беше ова 2004 (и да имавте средства), би инвестирале ли во Фејсбук?

Добар дел ќе речат „да“, но добар дел и ќе излажат. Секој натпросечен инвеститор ќе каже дека инвестирањето не е толку одлука што зависи од информациите и нивниот обем, туку повеќе од инстинкт и она чудно чувство во стомакот што ви вели дека сте наишле на нешто големо. Дури и тогаш, пазарот радикално и брзо се менува, па дури и најдобрите идеи можат да пропаднат.

- Реклама -