Агер пред преселба во Манчестер

Даниел Агер е на добар пат да стане член на Манчестер Сити откако англискиот шампион станува сè посериозен во својата намера да го ангажира 27-годишниот дефанзивец на Ливерпул.

Иако претходните најави говореа дека Агер е поблизу до Барселона, одбивањето на Каталонците да платат повеќе од 14 милиони евра за неговите услуги со смени текот на настаните, па сега Сити важи за голем фаворит во трката по неговите услуги.

Роберто Манчини не крие дека во данскиот ас гледа идеално засилување за одбранбената линија на „Граѓаните“, но понудата од 15 милиони фунти веќе беше одбиена од страна на раководството на Ливерпул.

Сепак, добро упатени извори тврдат дека преговорите продолжуваат и веќе за неколку дена би требало да биде испратена нова понуда, овојпат во висина меѓу 18 и 20 милиони фунти, по што Агер ќе добие зелено светло за преселба во Манчестер.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Новиот стратег на Ливерпул, Брендан Роџерс, ќе ги искористи овие пари за ангажман на неколку фудбалери. Тој планира да го ангажира својот „пулен“ од Свонси, Ешли Вилијамс, како директна замена за Агер, а исто така ќе испрати и понуди за позајмици на Родриго Тељо од Барселона и за Нури Сахин од Реал Мадрид.

Покрај тоа, Ливерпул сигурно ќе ангажира и уште еден напаѓач, особено доколку се реализираат најавите за заминување на Крег Белами во Кардиф, со што Роџерс би останал само со Борини, Суарез и Керол во навалната линија.

- Реклама -