Зошто во руските филмови нема американски негативци

p02b3wj1[1]

Американските филмови со руски негативци што ги имаме изгледано на ТВ се само капка во морето од вистинскиот број на такви филмови. Се разбира, сето тоа е последица од Студената војна, но по сé изгледа е еднострана. За разлика од ситуацијата во САД, и во Советскиот Сојуз се снимаа многу филмови, но за чудо, во нивните филмови нема американски негативци. Како што објаснува статијата во A.V.Club, „СССР не беше средина која имаше за приорирет да ја прикаже Студената војна директно“.

Советските и американските мејнстрим движења се самоизразуваа на радикално различни начини, проткаени со дијаметрално спротивни стравови. Со оглед на тоа што беше земја со една политичка партија, Советскиот Сојуз беше фокусиран околу лидерот, а неодржлив, па со тоа единствениот начин да опстане беше преку репресија и одрекување на вистината. Стравовите на земјата беа насочени пред сé кон самата себе; како што Американците фантазираа за закана од надвор, така СССР фантазираше за стабилност и глобално влијание. Се разбира, Советскиот Сојуз беше доминиран од руската култура, па со тоа го наследи и рускиот вкус за метафора и индиректно посочување кон проблемот.

Така, Советите ги бараа своите непријатели во минатото и историјата, особено фокусирајќи се на нивната триумфална победа врз Третиот Рајх.

Сцена од „Белото сонце од пустината“
Сцена од „Белото сонце од пустината“

Semnadtsat mgnoveniy vesny (Седумнаесет мигови на пролет) (1973), на пример, беше најпопуларната ТВ мини-серија во СССР и стандард кој се наметна во советската поп-култура. Се работеше за советски шпиун во Нацистичка Германија. Претерано долгите шпиунски стории за Втората светска војна, за Советите беа тоа што се турските серии за нас, за жал – сигурен успех.

On Thin Ice, The Shield And The Sword и Teheran ’43 – филмовите со најголема заработка во Советскиот Сојуз од периодите 1966, 1968 и 1981 година – сите припаѓаат на истиот жанр. Најпопуларниот акционен филм – Beloe solntse pustyni (Белото сонце од пустината, 1970), е за војник на црвената армија кој се бори со бандити за време на Руската цивилна војна… Што се однесуваше до советската поп култура во екот на Студената војна, најдобрите непријатели беа оние од руското минато.

- Реклама -