Јапонија го активира ѕидот од мраз околу Фукушима

Tsunami-crippled Fukushima Daiichi nuclear power plant is illuminated for decommissioning operation in the dusk in Okuma town, Fukushima prefecture, Japan

Операторот на нуклеарната централа „Фукушима“ – TEPCO, доби одобрение за подигнување на ѕид од замрзната вода околу оштетениот реактор во хаваријата од 2011 година. На својот вебсајт компанијата наведува дека процесот, кој ќе стартува наскоро, ќе се одвива во неколку фази, веќе во наредните месеци.

Изградбата на ѕидот започна во 2014 година, а е финансирана од владата. Идејата е да се создаде подземна ледена бариера, која ќе го спречи навлегувањето на подземна вода, со што се зголемува количината на „заразена“ вода. Објектот е веќе завршен, а сега е добиено одобрение за активирање на приближно 95 проценти од ѕидот. Одлуката дали да се даде „зелено светло“ за остатокот ќе биде донесена откако ќе се направи проценка на резултатите од првата фаза. Се очекува дека по завршувањето на првата фаза, продирањето на подземна вода да биде сведено на околу 50 проценти.

fukushima-ice-wall[1]

Полниот периметар нема да биде замрзнат, за да може да се истражува како ледената бариера влијае на нивото на водата внатре и надвор од зградите на реакторот. Важно е да се осигура дека релативните нивоа на водата нема да се менуваат и дека инфицираната вода од долните катови на овие згради нема да се прелее во подземните води во околината.

Ледената бариера е дел од повеќеслојната стратегија за пренасочување, контролирање, преработка и безбедно складирање на подземната вода и дождовницата во Фукушима. Меѓу другите мерки се и водоотпорен крајбрежен ѕид, систем за испумпување, систем за пренасочување на подземната вода и слично. Резултатот од сите овие напори е значително намалување на акумулацијата на заразена вода, отстранување на повеќето нуклиди од складираната вода и намалување на нивото на радијација во и околу реакторот, наведува TEPCO.

- Реклама -