Мрзливите работници се злато од луѓе

working

Работодавците бегаат од вработување на „мрзливи“ луѓе како од ѓавол, ама едно ново истражување покажува дека таквите и не се баш безвредни.Зборуваме за луѓето кои изгледаат „како да не работат многу кога се на работа“ – луѓето кои висат на Фејсбук, нон-стоп одат на долги паузи во тоалетот или тие што едноставно повеќе буљаат во една точка пред себе отколку што работат она за што се платени, што и да е тоа.

Некои од интервјуираните во истражувањето спроведено од NPR, се бранеле како некогаш им е поважно нештата да ги промислат отколку едноставно да го одработат задолжението; други пак се вадат на драгоцените лекции што ги научиле од пбавните работници…

Сеедно, интересното е што мрзливоста не е карактеристична само кај човекот. „Вреден како мравка“, нели? Не секогаш. Во една нова студија објавена во февруарското издание на списанието Nature, професорот по агрикултура Еисуке Хасегава открива дека мрзливоста е распространета и во мравјите колонии, но и дека всушност ја прави групата појака – мрзливите мравки делуваат како појачување кога вредните мравки се преоптоварени со мравчешки работи и задолженија.

Истражувањето покажува дека 20 до 30 отсто од мравките во колонијата го поминуваат времето во „излежување“ и тимарење, но кога се под притисок ја завршуваат работата – феномен кој совршено се пресликува кај „денгубите“ на работното место.

Затоа, слободно останете си подолго на ручек, читнете уште една статија или проверувајте што има – што нема на Фејсбук. Можеби баш тоа е лекот за ионака досадната работа, или уште поважно – можеби е есенцијалниот фактор за канцелариското пријателство, подготвеноста на колективот и ај уствари ќе допишам после

- Реклама -