Секс, дрога и скршени срца во Никарагва

neverneverland_4

Сé беше како во бајковита приказна. Имаше музика и чудни фенси костуми и сите танцуваа, боси, некои и голи, како нимфи. Зборуваме за еден необичен хостел на едно островче во Никарагва, хостелот наречен Недојдија. Таму сé е лудо и убаво и нема место за грижи. Или барем така се чини.

Во јануари 2014 година, Ребека Рутен – фотограф од Мелбурн, за прв пат отпатувала во Централна Америка и сретнала интересна група на вечни патници, кои се имаа сместено во споменатиот хостел. Тука, во таа дрвена земја од бајките, сместена на каменестиот брег на езеро, во подножјето на вулкан во мирување, луѓе од целиот свет доаѓаа со една иста мисија: да избегаат од наметнатите ограничувања на општеството и да живеат диво во дивината. Ребека го опишува како фестивал што никогаш не завршува, а се одвива на островот Недојдија, каде што Петар Пан одбива да порасне.

neverneverland_281

На овој отсечен остров, авантуристи со ранци ги оставаа старите животи и се предаваа на слободата на рајот, каде странците беа сакани како фамилија, а деновите и ноќите поминуваа во веселење и раѓаа мигновни љубовни приказни кои еруптираа како вулканите што го шараа зелениот терен. Имаше многу пиво, многу кетамин, риталин и валиум. Никој не спиеше, немаше време.

Првиот престој на Рутен траеше 3 месеци. Воодушевена, таа ќе се врати веќе следната година.

Првите недели Рутен е позитивна и мотивирана. Луѓето талкаат бесцелно, оставајќи ја авантурата да ги сретне каде и да одат. Секаде свират или слушаат своја музика и се возат низ островот на покривите на локалните такси-автомобили. Се дотеруваат, пијат и танцуваат сé до изгревот на сонцето. Заедницата стана новата фамилија, а дома немаше ништо што ги чека да се вратат. Едноставно, тоа беше сосема друг свет. Некои од членовите беа таму со години – тие се журкаа и најмногу, а јадеа и спиеја само кога е неопходно. Гости доаѓаа секој ден и на заминување им завидуваа заради рајскиот живот.

„Една линија риталин во носот и беше полесно да станеш од кревет за утринската смена. Потоа следеше пиво за доручек, следено од пиво за ужинка, па попладневни пива, па пиво за ручек, па пиво за вечера, па пиво за журка. Валиумот беше популарен кога требаше да се спие. Пиевме секој ден, дури и кога не сакавме да се опијаниме. Речиси секој ден го поминувавме во пијана еуфорија, по што следеше исцрпеност и мамурлук“.

Но, како што сé повеќе патници од светот доаѓаа и си заминуваа, секогаш оставајќи празнина за нови луѓе и нови пријателства, фотографката почнува да чувствува како чудесната радост што ја преплавуваше првите ноќи почнува да избледува. Секогаш истите приказни, секогаш истите судбини, секогаш истите пијанки до раните утра. Луѓето имаа секс на подот. Утопискиот остров сé повеќе почнуваше да личи на дистопија, барем во очите на Ребека.

Луѓето што живееја во овој хостел ја разбираа нивната слобода единствено преку хедонизмот. Ексцесите и немањето граници беше тоа што ги поврзуваше и им даваше идентитет. Тие што ќе испиеја повеќе беа подобро прифатени и славени. Игрите со пиење алкохол станаа ритуали кои прераснаа во натпревари. Сексот стануваше сé позначаен. Заедницата беше водена од ексцес и дефинирана од строги правила. Тоа што почна како проект на слободната мисла, на долгорочен план се претвори во алегорија за примитивноста на човештвото кога е оставено само на себе си.

„Мојот живот на островот беше одбележан со репетитивно претерување, емотивни и физички падови и удари, вештачки разговори со гости кои се менуваа секој ден и во состојба на постојано дежа-ву. Повторување на еден ист циклус. Среќата беше мерена преку претерување“.

553389097 neverneverland_3  neverneverland_5 neverneverland_7 neverneverland_8 neverneverland_9 neverneverland_11 neverneverland_12 neverneverland_13-700x467 neverneverland_14 neverneverland_16 neverneverland_17 neverneverland_18 neverneverland_19 neverneverland_27 neverneverland_33 neverneverland_201 neverneverland_211 neverneverland_231 neverneverland_241 neverneverland_251 neverneverland_261  neverneverland_291

- Реклама -