Секоја врска на свој начин се бори против разочарувањата и неисполнетите очекувања, но една група луѓе одлучи да ги елиминира непредвидливостите кај партнерите. Нивните партнери се секс куклите.
Кога некој ќе рече „кукли“, луѓето обично помислуваат на неживите гумењарки во приближно женска форма, со празнини кои ги поплнуваат осамените первертити. Но, онлајн заедницата The Doll Forum и нејзините 18.000 членови имаат поинакви ставови за љубителите на куклите, или на „љубовниците на куклите“, како претпочитаат да се нарекуваат себеси. Тие го преферираат дружењето со кукли од различни причини, од неснаоѓање во друштво до чувство на доверба кое само пластиката може да го обезбеди.
Некои анкети покажале дека во 50% од случаите, причините за купување кукли се од не-сексуална природа, од тоа 7% сакаат да се галат и да спијат со куклите, а 11% признаваат дека куклите им се замена за дружење со луѓе.
„Моите кукли се со мене секоја вечер кога одам во постела и секое утро кога ќе се разбудам“, вели Лем. „Кога ќе се вратам дома тие седат и трпеливо ме чекаат, со насмевка на лицето. Нема драма, нема болка, само љубов и разбирање“.
Лем верува дека неговата врска со куклите Нуноко и Кајли е предизвикана од траума од детството. „Јас бев она дебело дете што го закачаа сите од маало“, објаснува тој. „Наместо да станам агресивен, станав прилично интровертен. Си изградив свет на на пријатели од фанатазијата со кои се дружев, и веројатно поради тоа денес сум вљубен во репликите“.
Нуноко е Акико модел од кадифе, додека Кајли е „островска убавица“ од 30 кг. за која Лем вика дека го потсетува на неговата поранешна сопруга. „Таа за мене е многу важна бидејќи го одразува ликот на мојата жена на кој јас се сеќавам. Се сметам за виновен за распадот на бракот, бев наивен и невнимателен“.
Од анкетираните, повеќето велат дека куклите го надоместуваат човечкото присуство. Еден од сопствениците по име Менди вели дека неговите две девојки не се кукли за секс, тие му се како ќерки, замена за семејството. „Би сакал да сум во друштво на луѓе“, признава тој, „но тука има премногу стрес. Јас сум импотентен поради проблемите со простатата, доколку стапам во брак ќе ги загубам бенефитите од пензијата и немам начин како тоа да и` го објаснам на вистинската сопруга“.
Овие жени во природна големина не се само алатки за мастурбација, туку се и лек за осаменоста. Многу луѓе разговараат со своите кукли, уживаат во нивното друштво и признаваат дека се емотивно врзани со нив.
Ума Пума вели дека е свесен дека Марија не е вистинска личност, но нејзиното присуство му помага и го прави среќен. „Знаеш како е кога мажот ќе се врати дома а таму го чекаат сопругата и децата, ете, така и мене некој ме чека“. Тој вели дека ужива во деновите поминати со Марија, ја облекува во различни костуми, тие се галат на каучот, заедно гледаат филмови. „Сето тоа е само фантазија, како да имам навистина таква девојка, ама вистинска. Никогаш не сум ја имал“.
Како и многу други, Ума Пума ги пронаоѓа причините за неговата состојба во проблемите од детството. „Бев нервозен, особено со вистински жени. Доживеав дури и нервен слом. Со Марија сум веќе едн месец и навистина ми е добро. Тоа е компромис, чувствуваш дека имаш некого, и покрај тоа што знаеш дека си сам“.
Др. Габриел Русу, психолог од Мелбурн вели дека на пациентот не би му советувал прекин на врската со кукла доколку таа го смирува.
„Кој сум јас да им кажувам како да живеат? Во мојата работа, важно е само она што му одговара на пациентот“, објаснува Др Русу. „Гледам исклучиво дали нешто ги мачи и дали таа навика им задава некави проблеми. Не е препорачливо терапевтот да зема личен став“.
Реално гледано, малку е за верување дека куклите некогаш ќе бидат третирани како прифатливо емотивно и сексуално изразување, но нивните корисници тоа го прифаќаат. Ума Пума ги гледа стереотипите присутни кај љубителите на кукли. „Ни велат дека сме развратници, изроди, секс зависници, силувачи. Но, луѓето поседуваат кукли од различни причини. Сметам дека може да бидеме неразбрани , но не треба да бидеме осудувани“.