Немојте да бидете самo набљудувач! Fashion & Lifestyle Expo

F&L-expo-flaer-1

Објавена е целосната програма на Fashion & Lifestyle Expo.

Сте размислиле ли како вашите секојдневни избори се одраз на вашите вредности, ставови, идеологија? Како тие влијаат на вашата приказна? Кои се финесите кои го прават вашиот животен стил? Не го пропуштајте првиот настан наменет за оние кои се во потрага по извонредност. Како шлаг на тортата, организаторите подготвија внимателно одбрана, невообичаена програма која 100% ќе ви го задржи вниманието. Секоја од работилниците е своја приказна, а сите заедно се само мал дел од приказната наречена животен стил. Одберете која е за вас, и заокружете си во календарот… Што е до нас, би останале на сѐ  А дали ќе бидете само набљудувачи, или сте луѓе од акција, оставаме на вас. Пријавувањата се во тек, ТУКА. …оние поактивните, може да си добијат и награди 😉

Програмата на Fashion & Lifestyle Expo:

18.03.2016, Петок, ОТВОРАЊЕ
20:00 Filip Stevanovski Trio
21:00 Live Show
22:00 DJ Boogieman

19.03.2016, Сабота
12:00 – Култура – Патување и животен стил: приказна раскажана низ романите на Елизабет Адлер
13:00 – Skopje Casual – како до успешен моден блог во Македонија
14:00 – Јована Филиповиќ, Игор Марков и Fashion & Friends – Модна работилница за градење личен стил / комбинирање на дизајнерски и брендирани парчиња
17:00 – Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце
18:00 – Gorenje by Starck – одраз на Вашиот животен стил и личност
20:00 Тиквеш – Wine Tasting Event / Дегустација на вино
21:30 Wolford – Lingerie Fashion Show Extravaganza / Ексклузивна модна ревија на долна облека
22:00 DJ Goce

20.03.2016, Недела
12:00 – Едукативно – креативна работилница за деца: Да се запознаеме со Бреинобраин
13:00 – Дуна Компјутери – Moќност, префекција, живот со стил
14:00 – Ashaya Exclusive Pet Grooming Studio – Urban Grooming на домашни миленици
17:00 – LGA – Indulge in Style & Luxury / Стил и луксуз
18:00 – Центар за бизнис психологија – Lifestyle – Inside-Out / Животен стил – Да се биде најдобра верзија од себе
* Влезот од 12 до 20 часот е бесплатен, а по 20 часот ќе чини 100 мкд.

Сите изложувачи на Fashion & Lifestyle Expo можете да ги погледнете тука.

- Реклама -