И птиците имаат граматика?

Two-blue-tits-on-blossom-branch-by-David-Reynolds-Creative-Commons

Како поминува време, науката дознава дека сé повеќе видови животни ни се мешаат во карактеристиките што ги сметавме за „екслузивни за човекот“ – емпатија, самосвест и емоционална интелигенција, на пример. Сега испадна дека имаат и граматика.

Според еден нов извештај во Nature Communications, одредени видови птици користат синтакса во нивната комуникација со другите птици од истиот вид. Поточно, овие птици користат композициона синтакса – која се однесува на начинот на кој е структуирана реченицата, или во овој случај, редоследот на црцорењата.

Ние, луѓето, ја користиме композиционата синтакса за да пренесеме комплексни идеи. На пример: „Внимавај, опасно е“ е реченица со едно значење, „Дојди поблиску до мене“ – со друго, а кога овие две реченици се комбинират заедно „добиваме сосема различно, трето значење – го повикуваме примателот на значењето да се однесува на поинаков начин отколку во секоја од двете реченици одделно.

Ваквиот вид на синтакса долго беше сметан за уникатна особина на човечкиот вид. Ама Сузуки – јапонски научник, и неговите колеги открија дека повикот наречен „ABC“ – серија од ноти користен за да се сигнализира до другите птици да ја пребараат областа за предатори – често е следен од повик „D“, кој им сигнализира на другите птици да  се приближат до птицата што го упатува повикот. Кога е упатен повикот ABC-D, птиците се однесуваат според двете барања: летаат кон „зборувачот“, но претходно ја скенираат областа за предатори.

Кога научниците го измешале редоследот на повикот во D-ABC, птиците не одговарале, или барем не толку често и доследно како при ABC-D.

Научниците сметаат дека и другите животни веројатно комуницираат на сличен начин, само што сé уште го немаме откриено. „Очекуваме луѓето да почнат да го бараат и да го најдат секаде“, вели Дејвид Виткрофт, кој ја проучува комуникацијата помеѓу животните, за The washington Post.

Според него, тогаш ќе можеме да почнеме да одговараме на прашањето за тоа зошто и како еволуирала синтаксата кај луѓето. Сега-засега немаме блиски роднини за кои знаеме дека ја користат. А се работи за важно прашање. Зошто не пренесуваме ново значење преку креирање на нов збор? Зошто е важен редоследот?

Во меѓувреме, истражувањето е доказ дека луѓето можеби и не се така специјални како што мислиме, и дека допрва имаме за задача да ги разбереме другите видови.

- Реклама -