Марк Твен никогаш не штедел иронија и сарказам кога ќе се најдел во прилика да ги исмее мааните и глупоста на човештилукот – тоа е јасно, но од друга страна, имал баш голема слабост кон животните, која наголемо се манифестира низ неговата фикција, писмата и есеите. Неговата љубов кон животните била и лична – имал неколку мачки, но е генерална – што се гледа од писмото до лондонското Друштво за анти-вивисекција, , напишано во 1899 година, од кое се гледа поддршката кон активизмот на групата насочен против сецирањето на живи животни во име на науката. Подолу – колекција од мисли на остроумниот Твен, во кои проникнува неговата наклонетост кон разни видови животни – од кучиња и мачки, па до лилјаци и делфини.
„Од сите животни, човекот е единственото што е сурово. Тој е единствен што нанесува болка само заради задоволството што произлегува од тоа“ – од „Човековото место во животинскиот свет“, 1896
„Просто не можам да одолеам на мачка, особено таа што преде. Тие се најчистите, најлукавите и најинтелигентните сушстества што ги познавам, настрана од девојката што ја сакаш, се разбира“ – цитирано од „Во странство со Марк Твен и Јуџин Филд“ на Хенри Фишер, 1922
„Кучето е џентлмен; Се надевам дека ќе оди во неговиот рај, не во човечкиот“ – од писмо до Вилијам Хауелс, 1899
„Морав да имам друштво – бев створен за тоа, мислам – па се спријателив со животните. Тие се едноставно шармантни, и тие ја имаат најблагата природа и најучтивите начини; никогаш не изгледаат лути, никогаш не дозволуваат да почувствуваш дека ти се наметнуваат, тие ти се смеат и мавтаат со опашката, ако имаат опашка, и тие се секогаш подготвени за лудување или прошетка или било што и да предложиш“ – од „Дневникот на Ева“, 1906
„Лилјакот е прекрасно мек и нежен; не познавам друго суштество што е попријатно на допир или поблагодарно за галење, ако му е понудено во соодветниот дух“ – од Автобиографијата на Марк Твен
„Верувам дека порадо би јавал магаре отколку било кој ѕвер на светот. Оди весело и живо, не се однесува како нешто што не е, кротко е, но тврдоглаво. Сатаната лично не би можел да го исплаши, а е корисно – супер корисно. Кога си изморен од јавање можеш да ги одмориш стапалата на земјата и да го пуштиш да галопира од под тебе“ – од „Невините во странство“, 1869
„Зборуваш за среќни суштества – дали некогаш си видел делфин? – па, нема ништо друго овде што е подобро од таа среќа“ – од Твеновите „Белешки и журнали“, том 2, 1877-1883
„Верувам дека не сум заинтересиран да знам дали вивисекцијата продуцира резултати што се профитабилни за човечката раса или не. Да знам дека резултатите се профитабилни за човекот нема да ми го отстрани непријателството кон истата. Болката што ја нанесуваме на несогласните животни е основата на мојот антагонизам кон неа, и за мене е доволно оправдување за тој мој антагонизам, без да гледам подалеку“ – од писмото до лондонското Друштво за анти-вивисекција