На денешен ден (1991) Кени Далглиш го напушти Ливерпул по 5 и пол сезони. Во тој период освоија 3 првенствени титули и 2 ФА Купа (споредено со денес… ма нема што да се споредува уствари).
За прв пат дојде во Ливерпул, од Селтик, далечната 1977-ма, како замена за Кевин Киган, за тогаш рекордни 440.000 фунти.
Од таа година станува главен миленик на публиката, па и со право. Како играч освојува 3 првенствени титули, 1 ФА куп, 1 ЛШ и 2 УЕФА купа. Сето тоа под водство на Боб Пеисли, кога го добива и прекарот „Кинг Кени“.
Пеисли е заменет од страна на Фаган, а Фаган пак, во 85-тата, токму од Кени Далглиш кој има улога на тренер-играч. Со оваа улога се стекнува само неколку часа пред несреќата на Хејсл. И покрај тоа Кени ги води Ливерпул до дупла круна. 1988 и 1990, Ливерпул и Кени го освојуваат англиското првенство, а 89-тата и ФА Купот. Штета што истата година Ливерпул се соочува и со уште една несреќа, под името Хилсброу, во која загинаа 96 навивачи (сите на Ливерпул).
Две години подоцна, можеби и најмногу како последица на двете страшни несреќи, Кени решава да го напушти Ливерпул. По осум месеци доаѓа во второлигашот Блекбурн, кој успева да го донесе во првата лига, и истата да ја освои во 1995 година (по 80 годишниот пост на Блекбурн).
По кратките екскурзии во ЊуКасл и Селтик, решава да се врати во Ливерпул, 2009-тата, како амбасадор на клубот. Требаше да го замени Рафа Бенитез, но таа улога му припадна на Хоџсон. Сепак, Кени го водеше повторно Ливерпул во 2011, но не забележа значителни резултати.