Star Citizen: видео-играта што кошта 108 милиони долари!

_88286553_949fdc9e-1292-444c-9127-486d049655a2[1]

Прво и основно, креаторот на Star Citizen собра 108 милиони долари преку интернет платформите на кои обични луѓе донираат колку можат и сакаат за проекти што им се допаѓаат. 108 милиони! За видео игра! Нормално, научно-фантастичната вселенска симулација е и најголемиот проект фундиран од обичните луѓе, на сите времиња. Е сега, баш и не мораше да се толку пари – креаторот бараше само една-десетина од таа сума.

„Таа сума ќе финансираше многу помала игра од онаа во што Star Citizen еволуираше“, вели Крис Робертс. „Никогаш не ни помислив дека ќе собереме толку многу пари. Почнав поскромно, ама ете, се случи“.

_88286555_16f2cefe-8811-4dd1-9722-6988a66f2b48[1]
Можеш да бидеш пират, трговец или платеник.

Играта веќе доцни неколку години зад официјално најавениот распоред, па Робертс допрва треба да ја оправда довербата. А неа ја има стекнато и од порано – гејмерите го слават заради популарниот серијал Wing Commander – акција со борбени вселенски бродови, од 1990-тите.

Компанијата на Робертс располага со 4 студија во 3 различни земји: САД, Велика Британија и Германија. Сите работат на големата визија на Star Citizen, која ќе претставува масивен онлајн мултиплеер (MMO), во кој играчот ќе може да пилотира со мали вселенски летала, со големи вселенски бродови, па дури и да стане член на екипаж на некој од џиновските бродови.

_88287026_05419a24-3a7e-4524-a9d4-f107798776d8[1]

Универзумот е планиран како огромен „сендбокс“, отворен за истражување. Играчите ќе можат да учествуваат во борби во прво лице, во трки со вселенски бродови, во експедиции до вселенски станици и планети и сл.

Со еден збор, Star Citizen е многу амбициозен проект, па и очекувано е да доцни зад првичниот распоред. А според таквиот, објавен во 2012, играта требаше да излезе во 2014 год.

Робертс ветува дека универзумот на Star Citizen ќе има барем 100 ѕвездени системи.
Робертс ветува дека универзумот на Star Citizen ќе има барем 100 ѕвездени системи.

„Ако градиш двособна куќа и одеднаш треба да ја преиначиш во замок, ќе потрае“, се правда Робертс. За волја на вистината, неговата игра не е првата што не остана достојна на најавите – во бизнисот со видео-игри, многу проекти остануваат дури и незавршени.

На повеќето од поддржувачите на проектот не им се брза. Напротив, тие се спремни и да почекаат, под услов да добијат добро исполирана верзија. А на проектот работат речиси 300 луѓе, и тоа максимално искористувајќи ги временските зони. На пример, ако студиото во САД (Лос Анџелес) најде баг (грешка), тие работат на проблемот до истекот на работното време, по што го предаваат на програмерите во Британија, и така додека грешката не е поправена. Ваквиот начин на работење го нарекуваат „следи го Сонцето“ и тоа значи дека на играта се работи безмалку 24 часа дневно.

Повеќе од 1.2 милиона луѓе (финансиски) го поддржаа проектот.
Повеќе од 1.2 милиона луѓе (финансиски) го поддржаа проектот.

Покрај масовниот мултиплеер универзум, играта ќе понуди и сингл-плеер кампања со приказна, наречена Squadron 42. Во Squadron 42, Робертс практично се враќа на познат терен, во контекст на Wing Commander. Во сингл-плеер кампањата, играчот ја завзема улогата на пилот почетник, вовлечен во војна со непријателски настроена вонземска раса.

На толку пари, редно е и да има по некоја актерска ѕвезда. Во Star Citizen, диригентската палка му е доделена на Гери Олдман, покрај кого ќе глумат и Марк Стронг и Гилијан Андерсон.

_88286550_e1f1504a-fd93-4d9d-b275-308a0fd9b021[1]

На масивниот универзум ќе му треба уште работа, но Робертс вели дека планира Squadron 42 да излезе кон крајот на годинава. Ај да видиме што чудо ќе биде тоа.

- Реклама -