Изјавите на Марк Закерберг, од времето кога беше само млад мечтател

MarkZuckerbergYoung1[1]

И најдолгиот пат почнува со само еден чекор. Доказ е оваа млада верзија на 4-тиот најбогат човек во светот – 20-годишниот Марк Закерберг, на неговото прво ТВ интервју, во 2004-тата.

„Не знам која е следната голема работа затоа што моето време не го поминувам правејќи големи работи. Времето го трошам на мали работи, а потоа кога времето ќе дојде, ги составувам во една целина.“

„Јас сум како мало дете. Лесно ми станува здодевно и компјутерите ме возбудуваат. Тие се двата најважни движечки фактори тука.“

„Половина од работите кои ги правам не ги реализирам. Синоќа потрошив 5 часа програмирајќи, и направив нешто што беше интересно, им го покажав на неколку пријатели, а останатиот дел од кампусот никогаш нема да дознае за тоа.“

За апликацијата која синхронизираше повеќе компјутери: „Оригиналниот план,  за кој всушност бев премногу мрзелив да го реализирам, беше да направам сите на Харвард да ја пуштат истата песна во исто време. Мислев дека тоа ќе биде смешно и забавно.“

„Вакви работи правам постојано. Конкретно за Фејсбук, ми требаше една недела.“

„Мојата цел е да немам работа. Сакам да создавам забавни работи и да немам некој што ќе ми кажува што да правам или да ми дава временски рокови, тоа е луксузот кој го сакам во животот.“

„Претпоставувам дека на крајот ќе направам нешто од што ќе имам профит.“

„Секој од Харвард може да најде работа и да прави брдо од пари. Не сите од Харвард може да имаат социјална мрежа. Го ценам тоа повеќе отколку било која сума на пари. Не сакам да ставам етикета со цена на работите кои ги прават. Тоа едноставно не е поентата.“

- Реклама -