Tribute to Ена Веко

enaveko_ppДали се сеќавате на оваа млада девојка и нејзиното присуство на
македонската музичка сцена во средината на 90-тите? Кој би можел да ги
заборави хитовите како До кога вака, Келнерот, Царевата ќерка,
Мачомен… За подобро да ги евоцирате старите спомени, на следната
страна ве очекуваат 8 песни од албумот Бубачки и градски ѕверки.


enavekoДали се сеќавате на оваа млада девојка и нејзиното присуство на македонската музичка сцена во средината на 90-тите? Кој би можел да ги заборави хитовите како До кога вака, Келнерот, Царевата ќерка, Мачомен… За подобро да ги евоцирате старите спомени, најдолу ве очекуваат 8 песни од албумот Бубачки и градски ѕверки.

Би сакале да ги споменеме и нејзините дуети со групата Легенда, хитот Признавам, не признавам и настапот на фолк-фестивалот Цветници 93, во комбинација со Мирко Митревски и групата Академци, во темата Си заљубив раперка.

Ена Веко моментално живее и работи во Сиднеј, Австралија, каде по раскинувањето на соработката со нејзиниот чичко, авторот на  хитовите, Тоше Поп Симонов дошла да студира психологија.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Инаку нејзиното вистинско име и презиме е Елена Домазетовска, а последната посета на Македонија таа ја искористи приватно, поради стравот како публиката повторно би реагирала на нејзината појава и име.

Ена вели дека засега не размислува за музиката, но би сакала во иднина повторно да се обиде да работи и на тоа поле.

- Реклама -